Бизнис

Ивановски: 2026 ќе биде година на дисциплина, не на импулсивни одлуки на берза

Неговата проценка е дека наредната година ќе биде тест за зрелоста на инвеститорите: дали ќе реагираат импулсивно на глобалните шокови или ќе градат портфолија врз основа на знаење, анализа и долгорочна визија.

Во услови на засилени геополитички тензии, воени конфликти и реструктурирање на глобалните синџири на снабдување, финансиските пазари влегуваат во период на зголемена неизвесност. Одлуките на големите централни банки, движењата на обврзничките пазари и економското ривалство меѓу САД, Кина и Европа сè почесто стануваат главни двигатели на берзанските трендови. Наместо стабилни циклуси, инвеститорите се соочуваат со средина во која ризикот и волатилноста се трајна состојба, а не исклучок. Во таков контекст, 2026 година се очекува да биде година на внимателно позиционирање и долгорочна стратегија, особено за малите пазари и ритејл инвеститорите.

Според економистот и инвестициски експерт Иван Ивановски, геополитичката нестабилност не е спореден фактор, туку суштинска компонента на пазарната динамика.

  • „Светот влегува во период на зголемена макроекономска неизвесност, каде геополитичките тензии, воените интервенции и реструктурирањето на глобалните синџири на снабдување директно ги диктираат пазарните движења. За инвеститорите, управувањето со ризикот сега е поважно од кога било, а волатилноста треба да се гледа не само како закана, туку и како можност за оние што размислуваат долгорочно и дејствуваат врз основа на структура, а не на емоции“, вели Ивановски.

Кон крајот на 2025 многу се зборуваше за AI балонот и преценетоста на AI компаниите но вештачката интелигенција останува еден од клучните двигатели на глобалниот економски раст. Според Ивановски, AI влегува во нова, пофункционална фаза.

  • „Растот на AI во 2026 година ќе продолжи, но веќе не како теоретски концепт, туку како практична алатка што носи реална вредност во оптимизацијата на бизнис-процесите и намалувањето на трошоците. Компаниите што ќе успеат да ја интегрираат вештачката интелигенција во своето секојдневно работење ќе стекнат стратешка предност што може да редефинира цели индустрии“, истакнува Ивановски.

Покрај технологијата, неговите предвидувања за 2026 година се насочени кон сектори со долгорочна издржливост и финансиска стабилност. Наместо краткорочни трендови, фокусот останува на индустрии што можат да функционираат во различни економски циклуси.

  • „Како инвеститори важно е да знаеме како да ги препознаеме секторите со силни биланси и стабилни основи. Во 2026 година, клучно ќе биде да се следат технологијата, енергетиката и примената на AI во медицината, бидејќи тие имаат капацитет да создаваат вредност и во услови на економски притисоци“, нагласува Ивановски.

Неговата проценка е дека наредната година ќе биде тест за зрелоста на инвеститорите: дали ќе реагираат импулсивно на глобалните шокови или ќе градат портфолија врз основа на знаење, анализа и долгорочна визија. Финансиската едукација и дисциплинираниот пристап кон пазарите остануваат клучен услов за стабилен економски раст и одржлива инвестициска култура, нешто кон што Ивановски се стреми да го создаде во Македонија преку Prime Class заедницата.

 

Најнови вести од: Бизнис

Гувернерот на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка

Годишните средби на ММФ и СБ се платформа на која првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки соработуваат и разговараат за состојбите во глобалната економија, финансиската стабилност, монетарната и фискалната политика, развојното финансирање и предизвиците со кои се соочуваат земјите членки.

Славески: Се стабилизира растот на цените на становите, мерките на НБ поддржуваат прво купување дом

Гувернерот нагласи дека побарувачката на кредити и натаму е висока, иако бележи извесно забавување, укажувајќи дека тоа засега не се одразува негативно врз квалитетот на кредитното портфолио на банките.

Шведскиот пазар како следен чекор за македонските брендови, Бизнис Арена ги поврзува компаниите со нови можности за раст

„Бизнис Арена 2026“ на 14 октомври во DoubleTree by Hilton Skopje ќе ги обедини компаниите, експертите и деловните партнери околу можностите за раст и настап на нови пазари.

АЛТА банка со нова промотивна понуда за штедење во денари и евра

Без разлика дали штедите за нов дом, семејни планови, важна животна цел или едноставно сакате вашите заштеди да растат, АЛТА банка ви нуди можност да го направите следниот чекор со избор на денарски и девизни депозити со фиксни каматни стапки.

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Најнови вести

To top