Бизнис

„Кит-Го“ маркетите одат во историја со досегашното име, ги презеде „Spar“

Spar интерес за влез во Македонија имаше и пред почетокот на ковид-пандемијата. Основан уште во 1932 година во Холандија, SPAR прерасна во глобален бренд присутен во околу 48 земји со преку 13.900 продавници ширум светот. Се издвојува од другите посебно по локалните адаптации на секоја продавница во заедницата каде што работи.. За разлика од големите централизирани синџири, SPAR функционира преку лиценцирани партнери и независни оператори, што значи дека секоја продавница е во состојба да одговори на специфичните потреби на својата локална популација.

Кит-Го преку регистрирана промена на називот на фирмата, изминатите денови официјално го доби името на интернационалниот синџир на супермаркети Spar, пренесе Фактор. Кит-Го сега се вика „Спар Нортх Мацедониа“ а ребрендирани со новото име се 62 маркети за малопродажба низ земјата. Најмногу продажни места има во Штип, но и во Скопје, како и речиси во сите други поголеми и помали градови во земјата, што сега официјално се запишани како Spar.

Во јануари беше најавено дека Spar ќе ги ребрендира Кит-Го маркетите во Македонија и ќе премине под името на познатиот холандски бренд. Кит Го маркетите, 60-тина низ целата држава, за околу 60 милиони евра беа купени од косовската компанија Вива Фреш пред неколку години, но сеуште работеа под своето старо име.

Претходно излезе и медиумска информација дека холандскиот малопродажен трговски ланец планира да отвори маркет во Кавадарци. Од општината рекле, според нивни информации, дека компанијата веќе бара соодветна локација. Во регионот Spar е присутен во Косово и Албанија. 

Во март годинава косовскиот трговски ланец Viva Fresh Group, присутен и во Македонија преку Viva Fresh Store, Super Kit Go и Modern Studio & Top Shop ја презеде Spar Albania од Balfin Group. Spar e основан во 1932 година. Брендот е присутени во 48 земји со 13.800 продавници. Доосега немаше маркети во Македонија.

Spar интерес за влез во Македонија имаше и пред почетокот на ковид-пандемијата. Основан уште во 1932 година во Холандија, SPAR прерасна во глобален бренд присутен во околу 48 земји со преку 13.900 продавници ширум светот. Се издвојува од другите посебно по локалните адаптации на секоја продавница во заедницата каде што работи.. За разлика од големите централизирани синџири, SPAR функционира преку лиценцирани партнери и независни оператори, што значи дека секоја продавница е во состојба да одговори на специфичните потреби на својата локална популација.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Централното банкарство во услови на постојани светски промени: Поттикнување стабилност, иновации и издржливост

Во своето обраќање, гувернерот Трајко Славески нагласи дека стабилизираната инфлација, солидните девизни резерви и стабилниот банкарски систем овозможуваат поголема отпорност и поголема можност за реакција на централните банки на нoвите светски предизвици.

Гувернерот Трајко Славески нема да поднесе оставка

Од Народната банка одговорија дека предлозите за вицегувернери се доставени до Собранието по завршување на јавниот повик и во согласност со законските процедури и ги отфрлија тврдењата дека се кочи изборот на вицегувернери.

Поради зголемената неизвесност на Блискиот Исток: Народна банка реши каматна стапка да остане непроменета

Народната банка нагласува дека надворешните ризици се особено изразени поради неизвесноста околу интензитетот и времетраењето на конфликтот на Блискиот Исток.

Просечната плата во јануари 46.617 денари, кои работници се најплатени во моментов?!

Најниски плати имаат вработените во секторот производство на кожа и кожни производи со 29.670 денари, производство на облека со 29.791 денар и рибарство и аквакултура со 29.794 денари, при што овие примања се неколкукратно пониски од највисоките во земјава.

Спречивме поскапување на горивата, велат од Министерството за енергетика

Според надлежните, Македонија во моментов останува меѓу земјите со најниски цени на горивата во регионот, а приоритет останува заштитата на стандардот на граѓаните и стабилноста на економијата.

To top