Бизнис

Просечната плата во јануари 46.617 денари, кои работници се најплатени во моментов?!

Најниски плати имаат вработените во секторот производство на кожа и кожни производи со 29.670 денари, производство на облека со 29.791 денар и рибарство и аквакултура со 29.794 денари, при што овие примања се неколкукратно пониски од највисоките во земјава.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2026 година изнесувала 46.617 денари, покажуваат пресметките на Државниот завод за статистика. Во споредба со јануари 2025 година, платата е повисока за 8,3 %. Зголемувањето се должи на растот на платите во неколку сектори, меѓу кои: административни и помошни услужни дејности (12,9 %), трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли (11,1 %) и преработувачка индустрија (10,5 %).

Намалување на просечната плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите транспорт и складирање (7,4 %), градежништво (5,3 %) и финансиски дејности и дејности на осигурување (3,8 %).

Програмерите остануваат најплатени во земјава, со просечна плата од 107.016 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Следуваат вработените во научното истражување и развој со 79.530 денари, воздухопловниот транспорт со 78.905 денари, складирањето и помошните дејности во превозот со 72.311 денари и другите стручни, научни и технички дејности со 70.677 денари.

Најниски плати имаат вработените во секторот производство на кожа и кожни производи со 29.670 денари, производство на облека со 29.791 денар и рибарство и аквакултура со 29.794 денари, при што овие примања се неколкукратно пониски од највисоките во земјава.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

To top