Бизнис

Ќе дадат ли конечно ефект новите мерки за скапата храна во маркетите?!

Се подготвуваат нови мерки за високите цени на прехранбените производи во маркетите, најави премиерот Христијан Мицкоски, додавајќи дека тоа е со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните. Тие по кој знае кој пат реагираат дека е прескапо, споредено со стандардот.

Се подготвуваат нови мерки за цените на прехранбените производи во маркетите, најавија од Владата. Според премиерот, екипите на Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита од конкуренција се постојано на терен, а има и покренати одредени постапки. Тој рече  дека на почеетокот на учебната година се веведе т.н. училишна кошничка со која се намалија цените на голем дел од производите што ги користат учениците.

Премиерот рече и дека треба да се пресметаат посебни потрошувачки кошнички – за самец, за млад брачен пар, за тричлено и четиричлено семејство, како и за пензионери. Додаде дека останува на ставот за промена на пресметката за потрошувачката кошничка. Според него, трошоците на различни категории граѓани не се исти и не може исто да се третираат.

Претходно, Сојузот на синдикати на Македонија, соопшти дека вредноста на синдикалната минимална кошничка за септември 2025 година изнесува 65 077 денари, што претставува намалување за 430 денари споредено со август годинава, кога беше 65 507 денари.

На едно четиричлено семејство, според пресметките на ССМ, во септември за образование му биле неопходни 7 097 денари или 10,9 отсто, рекреација и култура 5 592 денари или 8,6 отсто, за ресторани и хотели 4 131 денари или 6,3 отсто и за останати стоки и услуги 1 100 денари или 1,7 отсто. 

Од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23 394 денари или 35,9 отсто, за облека и обувки 5 725 денари или 8,8 отсто, за станарина, вода, електрична енергија  и греење 6 096 денари или 9,4 отсто. За лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 2 636 денари или 4,0 отсто, за транспорт 4 716 денари или 7,2 отсто, за комуникации 3 417 денари или 5,3 отсто, за здравје 1 174 денари или 1,8 отсто.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top