Бизнис

Кога ќе им се вратат парите на компаниите од солидарниот данок?!

Добар дел од компаниите се согласија враќањето на солидарниот данок да биде на две рати, тоа е март 2026 и март 2027. Обрасците се подготвени, спремни, Управата за јавни приходи во најкраток рок сето тоа треба да го објави на нивната страна, така што очекуваме, еве го март, за отприлика некаде два месеци првиот дел или првата половина од износот на солидарниот данок компаниите да го добијат назад, велат од Владата.

Данокот на солидарност државата ќе им го враќа на компаниите на две рати, од кои првата ќе биде исплатена во март годинава, другата во истиот месец догодина. Ова го потврди министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која рече дека најголем дел од компаниите се согласиле на ваквата динамика на исплата. За потсетување, државата треба да им враќа пари на дел од компаниите откако во февруари лани Уставниот суд го поништи Законот за солидарен данок што беше воведен од претходната влада како еднократна, вонредна јавна давачка за 2023 година. Овој данок го плаќаа компаниите кои во 2022 година оствариле вкупен приход поголем од 615 милиони денари (околу 10 милиони евра).

Целта беше да се соберат средства за ублажување на последиците од енергетската криза во тој период. Со поништувањето на Законот за данок на солидарност државата од буџетот ќе треба да врати околу 49,2 милиони евра на 156 компании, кои ја платиле оваа давачка согласно сега веќе поништениот Закон.

Министерката за финансии изјави дека конечните листи се веќе направени, обрасците се подготврни и Управата за јавни приходи треба во најскор можен рок да ги објави на својата веб-страница.

  • „Најголемиот дел од компаниите се согласија враќањето на солидарниот данок да биде на две рати, тоа е март 2026 година и март 2027 година. Обрасците се подготвени, спремни, Управата за јавни приходи во најкраток рок сето тоа треба да го објави на нивната страна, така што очекувам, еве го март, за отприлика некаде два месеци, првиот дел или првата половина од износот на солидарниот данок компаниите да го добијат назад“, смета Димитриеска-Кочоска.

За дел од компаниите кои не се согласиле солидарниот данок да биде исплатен на две рати, министерката рече дека не е пресметано за колкава сума станува збор за нив, бидејќи имаат намера уште еднаш да разговараат, а за тоа, како што кажа, до март „има време и простор да се убедиме“.

Димитриеска-Кочоска беше прашана и што планира Министерството за финансии да прави откако Уставниот суд го поништил Законот за минимален глобален данок на добивка. Таа одговори дека првпат слуша оти е поништен овој Закон, но, ако такво нешто навистина се случило, тоа би било голема штета за државата. Целта на Законот за минимален глобален данок, како што кажа денеска министерката, е да не избегаат парите на странските компании коишто имаат свои претставништва и производствени капацитети во земјава.

  • „Целта на минималниот глобален данок е да не избегаат парите и компаниите да ги платат во нивните матични земји, туку да ги платат тука. Значи компаниите не можат да избегаат од обврската да го платат тој данок. До овој момент немам информација дека е укинат, ниту било што друго, затоа што тоа е нешто што се воведе, би рекла, на светско ниво, ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој) го спроведуваше и морам да кажам дека тука направивме закон идентичен како во сите останати земји. Дури и подзаконските акти ги носевме речиси на крајот на годината од причина што чекавме и другите земји да ги подготват подзаконските акти, бидејќи и мала разлика во законот или во подзаконските акти може да значи дека државата во која некоја компанија има седиште на фирмата мајка, доколку има различна пресметка на данокот од нашата, тие ќе си платат таму, односно разликата ќе ја платат таму“, рече министерката.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top