Бизнис

Кој македонски креативен средношколец ќе стане милионер? – Уште само неколку дена за пријавување

Единствена можност да се заработат пари со ум и да се влезе во животот со висок интелектуален статус

Како наближува крајниот рок се зголемува интересот што владее меѓу средношколците за натпреварот „Средношколец милионер“, кој им нуди единствена можност на младите во Македонија да ја претворат својата идеја во вистински бизнис и да освојат награда од 1.000.000 денари.

Пријавувањето е сè уште отворено, но времето истекува. Според организаторите од Brainster, веќе се пристигнати десетици оригинални и иновативни предлози од средношколци ширум земјата.

Натпреварот има за цел да ја поттикне креативноста, иновативноста и претприемачкиот дух кај младите, како и да покаже дека добрата идеја може да започне во училишна клупа, а да заврши како успешна приказна.

Освен индивидуалната конкуренција, натпреварот создава и друг предизвик:

-која гимназија ќе се покаже како најкреативна,
-кој град ќе ја понесе титулата најиновативен,
-и каде ќе заврши вредниот „трофеј“ – еден милион денари.

Организаторите повикуваат сите ученици што имаат идеја – без разлика дали е поврзана со технологија, екологија, образование, дизајн или социјална промена – да се пријават што поскоро и да станат дел од највредниот средношколски натпревар во земјата.

Пријавувањето е во тек на milioner.mk, а финалето ќе се одржи во организација на Brainster и NU High School Academy.

За пријава не се бараат никакви средства или посебни услови.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top