Бизнис

Македонија на средина меѓу 43 земји во Европа според задолженоста

Со државен долг од 52,9 отсто од БДП, Македонија 22. на стариот континент

Македонија се наоѓа точно на средина меѓу 43 земји во Европа според државниот долг како процент во бруто општествениот производ, заземајжи го 22. место на стариот континент.

Според Меѓународниот монетарен фонд, македонскиот државен долг годинава е 52,9 проценти од БДП, колкав што е тој на Исланд.

Од земјите во опкружувањето позадолжени од Македонија се неславниот европски лидер Грција со државен долг од 142,2 проценти од БДП, потоа Словенија со 68 отсто, Црна Гора со 60,3 отсто, Хрватска со 55,9 отсто и Албанија со 54,3 отсто.

Помалку задолжени од Македонија се Србија со 44,4 проценти, Босна и Херцеговина со 33,8 отсто, Бугарија со 28 отсто, Турција со 26,7 отсто.

Втора, веднаш зад Грција, според задолженоста е Италија со државен долг од 137,3 проценти од БДП, трета Франција со 116,3 отсто, а најмалку задолжена европска држава е Русија со 21,4 отсто.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top