Бизнис

Македонија со резерви нафта за 60 дена

Најголемиот дел од нафтените резерви се чуваат во складиштата на четири компании, а помал дел во државните

Македонија располага со резерви од нафта со кои може да покрие просечна потрошувачка во текот на 60 дена, според податоците на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви.

Во моментов Македонија има резерви од евродизел во износ од 138,9 милиони литри, бензин Евросупер 95 од 32,1 милиони, екстра лесно масло за домаќинство од 10,8 милиони и мазут од 5,3 милиони тони.

Најголемиот дел од резервите се чуваат во складиштата на компаниите ОКТА, „Макпетрол“, „Лукоил“ и „Супертрејд“, за кои државата им плаќа за услугата, а помал дел во резервоари во државна сопственост.

Европскиот стандард е 90 дена, а Македонија не го исполнува од две причини: првата се парите, а втората просторот кадешто би се чувале резервите нафта, се вели во прилогот на ТВ 21.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top