Бизнис

Мемов: Владата го испочитува барањето за линеарно зголемување на пензиите, но Уставен ја има конечната одлука

Слободно можам да кажам пензионерите може да бидат спокојни дека исплата на пензии секако дека ќе биде редовна

Барањето на сите релевантни здруженија на пензионери, вклучувајќи го и Сојузот на здруженија на пензионери во Република Македонија, беа во насока на линеарно зголемување на пензиите и Владата тоа го испочитува, но конечната оцена за уставноста на мерката треба да ја даде Уставниот суд, вели директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) Никола Мемов.

Во интервју за Радио Слободна Европа, Мемов, посочува дека до Уставниот суд се поднесени две граѓански иницијативи и дека во тек е јавна расправа. – Одлуката е пред донесување, односно трае јавната расправа околу ова значајно прашање во општеството, посочува Мемов, истакнувајќи дека законските измени се донесени минатата година по барање на пензионерите за воведување на швајцарски модел, односно наместо процентуално, зголемувањето на пензиите да биде линеарно.

– Ова усогласување се прави заради намалување на животните трошоци, односно усогласување на животните трошоци и животниот стандард со покачувањето на ценовните на шокови во општеството и заради зголемување на платите во општиот сектор. Зголемувањето на пензиите значи зголемување на животниот стандард на пензионери, вели Мемов.

Прашан зошто пензионерите што живеат во странство не добија линеарно покачување, Мемов рече дека аргументацијата била дека тие не ги чувствуваат ценовните шокови во земјата. – Аргументацијата во Собранието беше дека тие не ги чувствуваат ценовните шокови и инфлацијата во Македонија, посочува Мемов и додава дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дискриминација, но, како што рече, одлука по ова прашање ќе донесе Уставниот суд.

Најави дека во март пензионерите ќе добијат ново линеарно покачување од 1.000 денари, а од септември ќе се врати старото процентуално усогласување. Во Буџетот за 2026 година, Мемов посочува дека се предвидени околу 117 милијарди денари за исплата на пензии, меѓутоа, вели, предвидено е и исплата на здравствено осигурување на пензионерите. За да биде системот одржлив, тој нагласува дека Владата ќе обезбеди една милијарда евра за Фондот за ПИОМ.

– Слободно можам да кажам пензионерите може да бидат спокојни дека исплата на пензии секако дека ќе биде редовна и ние ги исплаќаме пензиите редовно на први во месецот. Во Буџетот за 2026 година предвидени се околу 117 милијарди денари за исплата на пензии. Меѓутоа, предвидено е и исплата на здравственото осигурување на пензионерите, исто така и транзициските, практично трошоци кон пензиските друштва во вториот столб. За таа цел, за да биде системот заокружен и одржлив, Владата ќе обезбеди околу 62 милијарди денари, тоа е околу 1 милијарда евра, трансфери кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за обезбедување навреме исплата на пензиите, на здравственото осигурување на пензионерите и транзициските трошоци кон вториот столб, вели Мемов.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top