Бизнис

Модернизација на Железницата – Ќе се купуваат нови возови и електрични локомотиви

Со грант од еден милион евра од Светската банка почнува процесот на реформирање и модернизација на „МЖ-Транспорт“. Средствата се наменети за преструктурирање на претпријатието, додека паралелно се најавува набавка на нови патнички возови и најмалку пет електрични локомотиви.

Министерството за транспорт започнува нова фаза во реформите на железничкиот сектор, откако беше потпишан договор за грант во вредност од еден милион евра со Светска банка. Средствата се наменети за преструктурирање на МЖ Транспорт и создавање поефикасно и функционално претпријатие, како дел од поширокиот план за модернизација на железничкиот сообраќај во земјата.

  • Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Карго сообраќајот бележи сериозен пораст, има пораст на бројот на патници, инвестиции во нови пруги. Оваа година има позитивни бројки во првите четири месеци и раст и во бројот на превезени патници и раст на карго сообраќајот – истакна Николоски.

На потпишувањето на договорот, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека Владата има јасна стратегија за целосна трансформација на железницата, посочувајќи дека во изминатиот период биле преземени мерки за стабилизација на претпријатието, кое, според него, било наследено во тешка финансиска состојба. Тој истакна дека реформите веќе даваат резултати, при што во првите четири месеци од годинава е забележан раст и на бројот на превезени патници, но и значително зголемување на карго-сообраќајот.

Николоски најави дека паралелно со реформите ќе се работи и на обновување на возниот парк преку набавка на нови возови и најмалку пет електрични локомотиви, кои ќе придонесат за понатамошен развој на товарниот железнички сообраќај. Тој информираше дека проектот за трансформација на железничките претпријатија се реализира во соработка со Европската Унија како дел од Планот за раст, додека грантот од Светска банка претставува почеток на суштинските реформи во секторот.

Осврнувајќи се на инфраструктурните проекти, Николоски рече дека е во завршна фаза изградбата на првата линија од Градскиот воз, а годинава се очекува да бидат распишани тендерите за втората и третата линија. Според најавите, тие би требало да бидат завршени до крајот на 2027 година или во првата половина на 2028 година.

Министерот потенцираше дека продолжуваат и инвестициите во железничкото поврзување со Бугарија преку Коридорот 8, каде што првата делница веќе е пуштена во употреба, додека втората и третата фаза се во различни фази на реализација. Паралелно, се работи и на западното железничко крило на Коридорот 8, како и на подготовките за брзата пруга на Коридорот 10.

На крајот, Николоски изрази благодарност до Светска банка за финансиската поддршка и континуираната соработка, оценувајќи дека овие инвестиции ќе придонесат за модерна, ефикасна и конкурентна железница во Македонија.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top