Бизнис

Можно ли е во Македонија да се работи четири дена во неделата?!

Просечната потрошувачка кошница во септември изнесувала 58.117 денари, што е за 358 денари или 0,6 проценти помалку во однос на август, но за 1.736 денари, односно 3,1 процент повеќе во споредба со јануари годинава. Ова беше истакнато на седницата на Економско-социјалниот совет, на која социјалните партнери дискутираа и за неработните денови, работата во недела, можноста за воведување четиридневна работна недела и регулирањето на пензискиот стаж.

Просечната потрошувачка кошница за четиричлено домаќинство во септември изнесувала 58.117 денари, што е за 358 денари помалку во однос на август, но за 1.736 денари повеќе споредено со јануари, информираше денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Тој информира дека на седницата на Економско-социјалниот совет се разговарало и за можните измени поврзани со неработните денови, работата во недела и плаќањето по работен час, но не биле доставени конкретни предлози.

Дурмиши по седницата на ЕСС изјави дека пресметката на Министерството за потрошувачката кошница има за цел да обезбеди транспарентна и статистички заснована слика за трошоците. Тој ја објасни и методологијата на пресметка  која опфаќа 11 категории и 101 прехранбен производ, при што се користат податоци од Државниот завод за статистика за осум градови, податоци од 23 пазари за овошје и зеленчук, како и цени од пет големи и три регионални трговски синџири.

Како што истакна министерот, најголемите разлики се забележуваат кај храната и пијалаците, облеката и обувките, образованието, домувањето и комуналните трошоци, додека во категориите како одржувањето на домаќинството, рекреацијата и културата, пресметката на Министерството е повисока. Во однос на инспекциските надзори, Дурмиши потенцираше дека досегашните редовни контроли на Пазарниот инспекторат не откриле зголемување на трговските маржи.

  • Досега немаме утврдено зголемување на маржите од страна на трговците, особено во овој период на глобална криза – истакна Дурмиши, додавајќи дека инфлацијата изнесува 2,7% и оти доколку дојде до енормно поскапување на дизелот, Владата повторно ќе интервенира преку акцизите и даноците.

Одговарајќи на прашање за барањата на синдикатите за минималната плата, министерот нагласи дека таа тема не била на дневен ред овој месец, но најави дека по Нова година, со поддршка од ЕУ во рамките на Реформската агенда, ќе започне изработка и на минимална кошница, како и посебни кошници за студенти, пензионери и различни типови домаќинства.

Претседателот на Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ), Марјан Ристески, порача дека синдикатите се едногласни против барањата на работодавачите за скратување на празниците. Во врска со пресметката на потрошувачката кошница, тој укажа дека во неа мора да биде вклучен и трошокот за кирија.

  • Во делот на киријата, таа треба да биде вклучена. Знаете, особено кога ја отвораме и таа тема, за нас веќе е несфатливо ова што се случува со кириите и станбениот простор во Македонија. Тука мора да се преземат конкретни чекори, бидејќи состојбата, особено со младите во државата, е многу тешка. Сите ние имаме деца, знаеме како е, а и вие сте млади. Многу е тешко во денешно време да се дојде до сопствен стан. Мора да му се стави крај на ова лудило – рече претседателот на КСОМ.

Тој додаде дека остануваат отворени и прашањата за Законот за работните односи, временските вработувања и злоупотребите со откази пред истекот на договорите со цел да се избегне исплатата на регресот за годишен одмор (К-15).

Најнови вести од: Бизнис

Коњановски: Декарбонизација не значи деиндустријализација

Зелената транзиција мора да ги земе предвид потребите на економијата и можностите на енергетскиот систем. Намалувањето на зависноста од јагленот треба да биде постепено, со обезбедено стабилно снабдување за индустријата и граѓаните

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

To top