Бизнис

На Македонија ѝ се потребни сите инвестиции во производството на струја

Македонија денес произведува околу 5 685 GWh електрична енергија годишно, но дома троши околу 6 072 GWh. Разликата се уште се покрива со увоз

Македонија денес произведува околу 5 685 GWh електрична енергија годишно, но дома троши околу 6 072 GWh. Разликата се уште се покрива со увоз, кој во 2004 година е во нето износ од 711 GWh, или 11,7 % од вкупното снабдување. Како енергетскиот систем да постигне независност од увозот?

Околу 1 356 GWh од домашната струја, според официјално достапните статистички податоци од 2024 година, заврши во извоз, што покажува дека балансот на трговијата е чувствителен и зависи од хидролошкитеуслови и цените на берзата. Впрочем, Македонија за првпат се појави како извозник во 2023 година, кога поради обилен хидролошки период и новите соларни и ветерни капацитети имаше вишок од околу 840 GWh, штопрвпат ја претвори државата во нето‑извозник.

Сепак, државата се уште најголем дел од домашното производтсво го добива од термоцентралите на јаглен и гас, и тоа 2 534 GWh во 2024 година и 1 366 GWh одголемите хидроелектрани. Во овој мозаик забележливо е дека секторот за обновливи извори бележи брз раст на производството, при што сончевите паркови испорачаа 270 GWh, ветерниците – 166 GWh, а биогасните постројки- 60 GWh. Малите хидроелектрани (МХЕ) додадоа околу180 GWh, со што вкупното производство од обновливи извори сочинува 27% од целата електрична енергија водржавата, а нивниот удел во инсталираната моќност веќе е 56%.
Срамежлива енергетската транзиција

Иако побавно, Македонија стабилно влегува во деценијата на забрзана енергетска транзиција во која сите облици на домашно производство – од големите хидро и термо постројки, до ветерните, соларните, биогасните и малите хидроелектроцентрали (МХЕ) – имаат своја улога.

Според податоците од МЕПСО во јуни годинава над 94% од електричната енергија потрошена во земјата беше обезбедена од домашни извори, сигнал дека инвестициите на терен даваат резултат во желбата да се намали зависноста од увоз преку диверзифициран домашенпроизводен микс.

Термoелектраните на јаглен и гас денес ја носат базната моќност во системот и работат 24 часа, но резултираат со високи емисии на CO₂, SO₂ и други честички. Скапи се одржување бидејќи постројките се стари и дополнително, зависиме од увозно гориво и неговата ценовна волатилност.

Големите хидроелектрани се столб на нискојаглеродната базна енергија и имаат значајна улога затоа што можат за миг да го зголемат или намалат производсѕтвото на струја според потребите на конзумот. Сепак, тие се силно зависна од врнежите, а изградбата на масивни брани бара високи иницијални инвестиции.

Малите хидроелектрани – објекти под 10 MW што обичноработат без акумулации – нудат стабилен, флексибилен прилив преку цела година. Но, дали ги користиме.

Колку вода има – колку струја дава

Вкупниот хидропотенцијал останува најголемиот неискористен домашен ресурс. Техничкиот потенцијал на Македонија е проценет на 5 500 GWh годишно, а од негоденес се користи едвај една третина.

Големите хидроелектрани во 2024 година заедно обезбедиле околу 1 366 GWh, што е речиси една четвртина од вкупната домашна електрична енергија и најголемиот единечен извор на нискојаглеродна базна моќност воземјата.

Државните студии проценуваат дека реките Вaрдар и Црн Дрим носат теоретска хидроенергетска можност од околу 8 900 GWh годишно. Од нив, технички искористливи сесамо 5 500 GWh, но денес се експлоатираат само1 500 GWh, или една четвртина од расположливото количество. Вкупната инсталирана моќност на постојните хидроцентрали како „Тиквеш“, „Вруток“, „Козјак“, „Шпилје“, „Глобочица“, „Света Петка“ е 580 MW, што значи дека во просек се користат 27 % од потенцијалот.

Од вкупните 1 636 MW технички можни, само 255 MW сево мали хидролектрани. Тоа значи дека малата хидрорасположливост – која може да се гради безмасивни брани – и натаму е простор за раст.

Последната деценија донесе 23% пораст на домашното производство, во услови кога и производството од ветар и сонце, кои се силно зависни од временксите услови, растат со троцифрени стапки.

Малите ХЕЦ може да произведуваат околу 1000 GWh годишно.

Денес во мрежата работат околу стоти на МХЕ, а војуни 2025 година 92 вакви централи произведоа13 530 MWh – 43 % од струјата на сите 178 повластени производители.

Но според проценка изработена од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), технички изводливиот потенцијал на малите хидроелектрани опфаќа 200 локации со вкупна инсталирана моќност од 230 MW, годишно производство од околу 990 GWh и потребна инвестиција од приближно 460 милиони евра.

За разлика од сонцето и ветерот, турбините во хидроелектраните можат моментно да го зголемат или намалат протокот за да одговорат на скоковите во побарувачката, што ја намалува потребата од скапи резервни термо‑капацитети.

Во услови кога Македонија уште увезува струја и не е искористен просторот за раст на вкупниот домашен капацитет, се доаѓа до заклучокот дека тоа не е можно без комбинација од сите технологии: модернизирани термо‑резерви, експлозивно растечки солар и ветер, ревитализирани големи хидроцентрали – и, секако, мали хидроелектрани. МХЕ носат чист киловат‑час, локални работни места и стабилност на мрежата. Во мапата на идните инвестиции тие не се алтернативна, туку нужна коцка во мозаикот на енергетската независност.

Најнови вести од: Бизнис

За три години во Македонија влегле над 11 милиони килограми млеко во прав

Додека официјалните статистики покажуваат раст на увозот на млеко во прав, домашните производители на млечни производи тврдат дека на македонскиот пазар во моментов залихите на млеко се поголеми од побарувачката и дека млекото во прав речиси и не се користи во производството на млечните производи. Истовремено, бројките покажуваат дека домашното производство на кравјо млеко повторно расте, но сè уште не го достигнало нивото од пред неколку години.

(Фото): Младите во фокус на Оперативниот план за вработување, 58% од планот е наменет за нив

Јавните повици за мерката „самовработување“ од Оперативниот план за вработување за 2026 година се активни до 3 јули 2026 година, информираа од министерството за економија и труд по денешните информативен каравани во Куманово, Гевгелија и Кавадарци. Преку оваа мерка невработените можат да добијат грантови од 7.000 до 10.000 евра за отворање сопствен бизнис.

Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, рече премиерот

Мицкоски истакна дека со проектот Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, односно дека проектот стратешки може да ја зајакне позицијата на државата која за жал не излегува на море и тој ќе биде таа предност која ја имаме, имајќи ги предвид климатските промени, потребата за вода, но и туризмот и производството на електрична енергија.

(Видео): Од долгогодишен застој и долгови, до позитивен раст, инвестиции и резултати, вели Трипуновски

Цветан Трипуновски се осврна на работењето во изминатите две години. Рече дека затекнале застој, институционален хаос, наталожени проблеми и нерешени предмети. Пад на производство, неплатени субвенции.

НБРМ: Надворешниот долг на Македонија се искачи на речиси 13 милијарди евра

Надворешниот долг на Македонија продолжува да расте. Според најновите податоци на Народната банка, на крајот на првиот квартал од 2026 година бруто надворешниот долг достигнал 12,94 милијарди евра, што претставува зголемување од 742 милиони евра или 6,1 проценти во однос на крајот на 2025 година.

Најнови вести

To top