Бизнис

Nike со пад на акциите од речиси 80 проценти – следува отстранување од индексот S&P 100

Од рекордните 177,51 долари за акција падна на 36,80 долари

Nike, кој долго време беше неприкосновен лидер во индустријата за спортска опрема, денес се наоѓа во еден од најтешките периоди во својата историја. Цената на акцијата падна на најниско ниво во повеќе од десет години, додека конкурентите постепено освојуваат сè поголем дел од пазарот.

На 11 септември акцијата на компанијата вредеше 36,80 долари, наспроти рекордните 177,51 долари забележани во ноември 2021 година. Тоа е пад од приближно 79 проценти. Во истиот период пазарната вредност се намали од околу 281 милијарда на приближно 55 милијарди долари, што значи дека се изгубени околу 226 милијарди долари берзанска вредност.

Од 21 септември Nike ќе биде отстранет од индексот S&P 100, иако ќе продолжи да биде дел од S&P 500.

Компанијата не се соочува со непосреден финансиски колапс. Во фискалната 2026 година оствари 46,4 милијарди долари приходи, но тие се значително пониски од 51,36 милијарди долари во 2024 година. Уште поизразен е падот на добивката – од 5,7 милијарди долари во 2024 на 3,108 милијарди во 2026 година, односно околу 45 проценти помалку.

Еден од главните проблеми беше стратегијата на поранешниот извршен директор Џон Донахју, кој силно ја насочи компанијата кон директна продажба преку сопствените продавници, веб-страницата и апликациите. Со намалувањето на соработката со традиционалните трговски партнери, Nike изгуби дел од видливоста во продавниците, а просторот го пополнија брендови како Hoka, On, New Balance, Asics и Adidas.

Новото раководство сега се обидува да го промени правецот. Во 2026 година продажбата на големо порасна за шест проценти и достигна 27,5 милијарди долари, додека каналот Nike Direct се намали на 17,7 милијарди.

Предизвик претставува и асортиманот. Компанијата долго се потпираше на класични модели како Air Force 1, Dunk и Jordan, додека купувачите сè повеќе бараат удобност, технологија и специјализирани обувки. Уделот на Nike на глобалниот пазар на спортски обувки се намали од 25,9 проценти во 2022 на 22,9 проценти во 2025 година.

Особено лоша е ситуацијата на кинескиот пазар. Приходите во регионот Greater China паднаа од 7,55 милијарди долари во 2024 на 5,85 милијарди во 2026 година. Во последниот квартал падот достигна 17 проценти, а конкуренцијата од локалните брендови станува сè посилна.

Дополнителен притисок доаѓа и од американските царини. Nike проценуваше дека тие би можеле да предизвикаат околу 1,5 милијарди долари дополнителен годишен трошок.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top