Бизнис

Николоски: Поскапените горива нема да ги поскапат автопатите ако ова заврши за два-три месеца

Вицепремиерот уверува дека реализацијата на инфраструктурните објекти (ќе) се одвива според утврдената динамика

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски очекува врз инфраструктурните објекти, првенствено изградбата на автопатиштата, да не влијае зголемувањето на цените на горивата поради војната на Блискиот Исток ако таа заврши за два-три месеца.

„Градежниот изведувач ‘Бехтел и Енка’, кој потпиша договор со претходната влада, продолжува да работи на изградбата на автопатите според утврдената динамика и сите државни даноци се платени во моментов. Зголемувањето на цените на горивата во овој момент нема да предизвика дополнителни трошоци“, нагласи Николоски.

Тој објасни дека нема голем градежен договор каде што нема т.н. лизгачко прилагодување на цените, каде што се поставени неколку клучни параметри.

„Ова секако може да биде негативно, на пример, во проектите што ги градат ‘Бехтел и Енка’ и ‘Синохидро’, имавме намалувања на цените минатата година. Битуменот е една од главните компоненти за производство на асфалт, а има и многу транспорт за време на изградбата на големи инфраструктурни проекти. Засега е стабилно, ако ова се заврши во следните 2-3 месеци, нема да имаме проблем, ако продолжи, секако ќе седнеме и ќе разговараме“, рече Николоски.

Прашан што се променило во ставот кон договорот со „Бехтел и Енка“ од периодот кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, Николоски одговори дека „сега се работи, за разлика од времето кога на власт беа СДСМ и ДУИ, кога не беше започнат ниту еден пат“.

Министерот исто така нагласи дека сите државни обврски кон конзорциумот во моментов се платени и за тоа има потврда од самата компанија.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top