Бизнис

Нови назначувања во Управата и во Надзорниот одбор на Атлантик Група

На седницата која се одржа на 4 септември, Надзорниот одбор на Атлантик Група донесе одлука за назначување на нови членови на Управата и Комисиите на Надзорниот одбор, како и за избор на Заменик претседател на Надзорниот одбор. Надзорниот одбор ги потврди новите тригодишни мандати на членовите на Управата Лади Тедески Фиорио и Среќко Накиќ (од […]

На седницата која се одржа на 4 септември, Надзорниот одбор на Атлантик Група донесе одлука за назначување на нови членови на Управата и Комисиите на Надзорниот одбор, како и за избор на Заменик претседател на Надзорниот одбор.

Надзорниот одбор ги потврди новите тригодишни мандати на членовите на Управата Лади Тедески Фиорио и Среќко Накиќ (од 3 октомври 2025), како и на Мате Штетиќ (од 9 ноември 2025), заедно со актуелните мандати на Емил Тедески, Невен Вранковиќ и Зоран Станковиќ. Досегашната сениор извршна директорка Мојца Домитер е назначена за нова членка на Управата на Атлантик Група одговорна за областа на човечки потенцијали и култура, со почеток на тригодишен мандат од 5 септември 2025.

Со најновото проширување на Управата на Атлантик Група дополнително се зајакнува менаџерскиот тим во насока на реализација на корпоративната стратегија и идниот развој на компанијата, со свеста дека луѓето и културата се клучни за успешна работа. Мојца Домитер има повеќе од 20 години професионално искуство во широкиот спектар на индустријата, вклучувајќи производи за широка потрошувачка, фармацевтска индустрија и телекомуникации.

Во најголемиот дел од кариерата работи на обликување на стратегии и процеси поврзани со луѓе, водела оддели за човечки потенцијали во VIPnet, JGL Rijeka, а од 2011 година предводи клучни иницијативи од областа на културата, развојот на лидерство и процеси поврзани со луѓе во Атлантик Група. Во компанијата имплементираше групни состави базирани на учинок, талент и унапредување, со значаен раст на ангажираноста на вработените и зајакнување на препознатливоста на Атлантик Група како посакуван работодавец.

Дипломирала психологија на Универзитетот во Ријека, завршила EXECUTIVE MBA на Cotrugli Business School и дополнително се усовршила на IESE во Лондонската Бизнис школа, во Ешриџ и на Харвард. Со потврдениот нов состав на Управата на компанијата, Надзорниот одбор усвои и нови состави на неговите Комисии. Комисијата за ревизија сега ја сочинуваат претседателот Ларс Петер Елам Хакансон, членовите Андреа Гисле Јусен, Зоран Вучиниќ и Карл Вајнфуртер (избран на Главното собрание во јули 2025). Комисијата за развој на водство и надградување сега е сочинета од Моника Елизабет Шулце, членовите Флоренс Жантет, Весна Невистиќ, Александар Пекеч и Зоран Сушањ (надворешен експерт), а Комисијата за општествена одговорност и корпоративно управување сега е во состав од претседателката Ања Сетина Набергој, членовите Синиша Петровиќ и Нина Тепеш (надворешен експерт).

Покрај наведеното, на седницата членот на Надзорниот одбор Синиша Петровиќ беше повторно избран на функцијата Заменик претседател на Надзорниот одбор, а оваа должност ќе ја обавува заедно со веќе постоечкиот Заменик претседател на Надзорниот одбор Моника Елизабет Шулце.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top