Бизнис

Очекуваме инфлацијата да се намалува во следниот период, рече премиерот

Очекувам во следните два квартали да ја одржиме стапката на раст во рамки на бруто домашниот производ и во вториот квартал да порасне некаде околу 7,8 отсто што е важно, бидејќи кога го пресметувате буџетскиот дефицит важен е номиналниот раст на бруто домашниот приизвод, кои ќе биде највисок досега, рече премиерот.

Еве трет месец по ред имаме инфлација која од 4,9 отсто дојде до 4 отсто и очкеуваме во следниот период да се намалува. Тоа е добра вест и за граѓаните, бидејќи на тој начин и тие ќе имаат подобар стандард и поквалитетен живот. Очекувам во следните два квартали да ја одржиме стапката на раст во рамки на бруто домашниот производ и во вториот квартал да порасне некаде околу 7,8 отсто што е важно, бидејќи кога го пресметувате буџетскиот дефицит важен е номиналниот раст на бруто домашниот приизвод, кои ќе биде највисок досега, истакна премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Бизнис форум што се одржа во Струмица.

Тој очекува во рамките на буџетската консолидација оваа година дека ќе заврши да е на ниво под 4 проценти буџетски дефицит.

  • Консолидирањето започна лани, не успеавме во 2022 и 2023 година и ќе продолжи наредната година и да дојдеме под оние 3,5 проценти, кои се нормални во европските земји. Очекувам стабилна макроекономска политика и имаме притисок за зголемување на ДДВ, но тоа нема да се случи-останува 18 отсто, иако имаме притисок за зголемување на старосната граница за одење во пензија, ние донесовме закон да бидат ангажирани пензионерите и да си платат даноци и придонеси. Нема да има зголемување на даноците, освен оној данок што мора да го зголемиме, тоа данокот на профит од 15 отсто кај одредени компании кои ги исполнуваат условите кои ги има наметнато ОЕЦД. Кај нас такви се три типа компании-странски кои работат во економските зони, странски инвеститори кои не работат во зоните и домашни компании коишто се во сопственост на мултинационални компании кои работат во Македонија, посочи Мицкоски.

Очекува во годините што следуваат да се води стабилна макроекономска политика, стабилна промакедонска политика дома и надвор и останува интреграцијата во ЕУ, но не по секоја цена затоа што ценат дека како Влада доволно е направено, односно, како што рече, веќе нема услов за безусловно прифаќања на било какви диктати или ултиматуми.

  • Ние ќе си ја напишеме домашната задача во делот за планот за развој и економската агенда, ние ги испорачуваме. Ние ќе ги направиме сите реформи, ќе се развиваме на начин на кој се развиваме, но повеќе билетарелни уцени оваа влада и додека јас ја водам оваа влада таков тип на прифаќање нема да има, како што беше случај во минатото. Нас ни треба стабилен чекор, нека биде ситен, но да биде стабилен напред до моментот на консолидирање. Ако некој му текне и ја викне нашата земја таму- се знае тоа е политичка одлука на други, а не на Македонија. Ние јасно сме кажале дека нашата иднина е да бидеме таму, додаде премиерот.

Информираше дека со САД се преговара за потпишување на договор поврзан со трговските тарифи за отприлика осумдесетина производи и артикли и таа тарифа да се движи меѓу нула и 8 проценти.

  • Практично да бидеме најконкуретни и мислам дека за дел од тие производи ќе успееме, вклучително и земјоделските производи. Имаме голем извоз на автобуси таму преку поранешен „Ван Хол“ во износ од 250 милиони долари. Ако успееме да го постигнеме тој договор онака како што планираме, извозот ќе порасне на една милијарда долари, а се планира изградба на две фабрики за автобуси во Македонија, од кои едната може да дојде во Струмица, рече Мицкоски.

Додаде дека на праг сме на реализација на инфраструктурините проекти кои ги имаме со Велика Британија.

  • Во моментот имаме избор на индикативна финансиска понуда, необврзувачка и ќе влеземе во процес на дефинирање на договорот и есента следната година очекуваме да почне реализацијата на овој голем капитален проект. Така што кога сето ова би се аплицирало во годините коишто следуваат очекуваме инвестициски бран меѓу 4 и 5 милијарди евра, или годишно околу една милијарди евра, истакна премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Пред стопанствениците на Бизнис форумот се обрати и кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Петар Јанков, која истакна дека задача на градоначалникот е да излезе во пресрет на бизнис секторот.

  • Ние треба да бидеме партнер, а не негова административна пречка. Затоа, ќе формираме економски-социјален совет кој ќе функционира заедно со граѓанскиот сектор, со јавната администрација со цел да бидете подобро запознати за сите проекти и инфраструктурни проекти, рече Јанков.

На Бизнис форумот во Струмица присуствуваа и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, заменикот министер за економија, Марјан Ристески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставревски, кои одговараа на прашањата поставени од стопанствениците.

Најнови вести од: Бизнис

Тропа ли на врата нова криза и инфлаторен шок?! Надлежните се „крстат“ дека војната брзо ќе заврши

Во услови на криза, Министерството за финансии може да ја намали акцизата за горивата до 4 денари или ДДВ-то за увоз на енергенси од 18 на 10 отсто. Министерката за финансии вели прерано е било што да се прогнозира, но ако конфликтот потрае, со ребалансот на Буџетот ќе има и корекции во проекциите, како за растот на БДП така и инфлацијата за годинава.

(Видео): Пак сме меѓу најдобрите – растот на БДП во 2025 година е 3,5%, рече Димитриеска-Кочоска

Државниот завод за статистика излезе со податоци за раст на БДП во последниот квартал од 2025 година и тој изнесува 3,8 проценти. Со овој податок се комплетира сликата за цела 2025 година. Стапката на раст на БДП во 2025 година во однос на 2024 година е 3,5 проценти. Министерката рече дека следи период на неизвесност и дека сега е рано било што да се каже, но дека може да се интервенира законски, како и со мерки на Влада и на Народната банка.

Место за паника нема, преку различни мерки ќе се регулира цената на енергенсите, вели Ристески

Во вакви ситуации, укажува дека поранливи се секако покревките економии како што е нашата и вели дека Министерството за економија и труд, и покрај конфликтот со Иран, прави максимални напори цените во маркетите и на пазарите да останат стабилни, посебно на основните производи за живот на граѓаните.

(Видео): Над 2.000 денари бруто – Дурмиши кажа за колку точно се зголемува минималната плата

Просечната потрошувачка кошничка што ја изработи Владата е за 13% поевтина од потрошувачката кошничка што ја изработува Сојузот на синдикатите, тврди министерот за економија, Бесар Дурмиши. Во потрошувачката кошничка изработена од Владата, како што изјави денеска Дурмиши, опфатени се 101 производ и таа е реална, односно ги отсликува минималните трошоци на едно семејство.

СДСМ: Наместо 600 евра минималец, Владата понуди 1.660 денари усогласување

СДСМ оценува дека работниците не се приоритет на Владата и дека наместо повисоки плати, фокусот е ставен на тендери и привилегии за функционерите. Од партијата порачуваат дека граѓаните заслужуваат достоинствена минимална плата и реално подобрување на животниот стандард. 

ССМ ја напушти седницата на ЕСС, Трендафилов најави протести

Синдикатите не го прифаќаат износост од 1.600 денари, со кој по мартовското усогласување ќе се зголеми минималната плата и најавуваат протести кон средината на месецов. ССМ ја напушти седницата на Економско-социјалниот совет. Наспроти нив, премиерот Христијан Мицкоски тврди: „Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април“.

To top