Бизнис

(Фото): Централната банка со унапредена монетарна рамка и активности за поефикасни финансиски пазари

Вицегувернерот Величковски истакна дека Народната банка и во иднина ќе биде посветена на развојот на финансиските пазари и платежната инфраструктура, заради создавање посигурно, поефикасно и поконкурентно финансиско окружување што ќе го поддржи економскиот раст и интеграцијата со европските текови.

„Народната банка доследно ја спроведува стратегијата на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, како клучно сидро за одржување на ценовната стабилност и предвидливоста во економијата“, истакна вицегувернерот Игор Величковски на Годишното собрание на Здружението на финансиски пазари АЦИ Македонија.

 Во обраќањето беше истакнато дека со последните измени на оперативната монетарна рамка се заокружува значаен процес на нејзино унапредување. Со тоа се обезбедува поголема флексибилност и поефикасно управување со ликвидноста во банкарскиот систем, како и побрза реакција во услови на промени на пазарите. Овие придобивки од новата оперативна рамка се особено значајни во услови на зголемена неизвесност на светските пазари, поврзана со геополитичките случувања и војната на Блискиот Исток, изложувајќи ја македонската економија на надворешните шокови.

  • „Со пократка рочност на благајничките записи и воспоставување симетричен распон на каматните стапки, се овозможува попрецизно насочување на краткорочните каматни стапки и поефикасен пренос на монетарните сигнали“, истакна Величковски.

Во наредниот период, Народната банка ќе биде насочена кон натамошен развој на девизниот пазар, заради зголемување на транспарентноста, ликвидноста и довербата. Активностите се насочени кон подобра ценовна транспарентност и поголема активност на учесниците на пазарот, при што централната банка и натаму ќе се залага за одржување стабилен девизен курс.

Во делот на регулативата за финансиските инструменти и за финансиско обезбедување, беа истакнати новините со кои се овозможува воспоставување платформи за секундарно тргување со финансиските инструменти, што ќе придонесе за поголема транспарентност, подобра заштита на инвеститорите и зголемена ликвидност на пазарите, во согласност со европските практики.

 Во платежната сфера, особено беше нагласено значењето на пристапувањето на земјава кон Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), како важен чекор во интеграцијата со европскиот платежен простор. Со вклучувањето на сите банки во СЕПА, веќе се овозможуваат побрзи, поевтини и потранспарентни прекугранични плаќања во евра за граѓаните и за компаниите. Тековните активности на Народната банка се насочени кон воспоставување платен систем за инстант плаќања, којшто ќе овозможи трансакции во реално време, 24 часа на ден.

Вицегувернерот Величковски истакна дека Народната банка и во иднина ќе биде посветена на развојот на финансиските пазари и платежната инфраструктура, заради создавање посигурно, поефикасно и поконкурентно финансиско окружување што ќе го поддржи економскиот раст и интеграцијата со европските текови.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top