Бизнис

Охрид добива 3 а Скопје 2 нови авиодестинации

Пет нови евтини летови до атрактивни европски градови од Македонија

Нови 5 авиолинии од македонските аеродроми, најави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски.

,,Од аеродромот во Охрид ќе се лета кон Катовице, Вроцлав и Милано,

Од скопскиот аеродром ќе се лета до Наполи и Будимпешта”, објави Николовски кој најавува и други авиолинии од Македонија.

Wizz Air објави дека ќе го реализира својот прв редовен лет од Kатовице до Охрид, Македонија, во понеделник, 8 јуни 2026 година.

 

Новата рута ќе биде сезонска. Летовите ќе се одвиваат во текот на шпицот на летната сезона, двапати неделно: понеделник и петок.

Билетите за новата рута се достапни на официјалната веб-страница на превозникот Виз Ер.

https://www.wizzair.com/en-gb

Најнови вести од: Бизнис

Народна банка внимателно ги следи светските ризици и е подготвена за соодветно реагирање

Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка, како носител на монетарната политика, постојано ги оценува големината, природата и влијанието на шоковите на домашната економија. Според него, за да се изгради отпорност, потребни се кредибилна монетарна политика и ефикасни макропрудентни мерки со цел да се задржи макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем.

„Алказар Енерџи“ отвора јавна консултација за значајниот проект за ветерниот парк во Штип

Со планиран инсталиран капацитет до 396 MW, ветерниот парк Штип претставува трансформативен чекор кон зајакнување на енергетската независност на земјата, намалување на зависноста од фосилни горива и забрзување на напредокот кон националните климатски цели. Проектот е и значаен придонес кон Платформата за праведна енергетска транзиција на Македонија, лансирана на COP28.

(Видео): Како ќе изгледа новиот охридски аеродром кој за само два месеца опслужил над 28.000 патници

Со 4 нови линии што ќе започнат од охридскиот аеродромот со летниот распоред на летови (Милано, Виена, Вроцлав и Катовице), како и претходно започнатата нова линија до Братислава, ТАВ Македонија очекува овој двоцифрен раст на патничкиот сообраќај да продолжи. Моментално, од Охрид, како една од најважните туристички дестинации во регионот, летаат 8 авиокомпании до 17 дестинации, меѓу кои 3 се чартер летови.

Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитална адекватност, ликвидност и профитабилност. Довербата на граѓаните и компаниите се потврдува преку постојаниот раст на депозитите, дури и во услови на зголемена неизвесност.

(Фото): Потпишан колективниот договор за административците – етапно ќе растат платите до 40%

Министерството за јавна администрација со овој чин ја потврдува својата заложба за градење современа, ефикасна и правично организирана јавна администрација, во која се создаваат подобри услови за професионален развој, институционална стабилност и долгорочна мотивација на вработените.

To top