Бизнис

(Видео): Како ќе изгледа новиот охридски аеродром кој за само два месеца опслужил над 28.000 патници

Со 4 нови линии што ќе започнат од охридскиот аеродромот со летниот распоред на летови (Милано, Виена, Вроцлав и Катовице), како и претходно започнатата нова линија до Братислава, ТАВ Македонија очекува овој двоцифрен раст на патничкиот сообраќај да продолжи. Моментално, од Охрид, како една од најважните туристички дестинации во регионот, летаат 8 авиокомпании до 17 дестинации, меѓу кои 3 се чартер летови.

Според најновите статистички податоци, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Групацијата, ги заврши првите два месеци од 2026 година со 539.474 патници и на Меѓународниот Аеродром Скопје и на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид. Ова е зголемување од 31% на бројот на патници во споредба со истиот период во 2025 година. Во исто време, бројот на летови (3.766) порасна за 14%.

Аеродромот во Охрид ги заврши првите два месеци од 2026 година со 28.452 патници, што е зголемување од 20,3%, во споредба со истиот период во 2025 година.

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, официјално го одбележа почетокот на реконструкцијата на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, инвестиција вредна 2,7 милиони евра.

  • „Со овој проект, чија вредност изнесува 2,7 милиони евра, средства од ТАВ Македонија ќе се инвестираат во неколку клучни сегменти на охридскиот аеродром. Првата фаза опфаќа реконструкција на патничкиот терминал и зголемување на оперативните капацитети, чек-ин просторот ќе се прошири од 6 на 8 шалтери и дополнителни 100 квадратни метри. Ова ќе овозможи зголемување на капацитетот за опслужување на нашите патници и подобра функционалност на целиот процес. Областа за безбедносна контрола и рачен багаж ќе се прошири на речиси 200 квадратни метри, просторот кај гејтовите ќе се прошири на 350 квадратни метри, просторот за подигање багаж ќе се прошири на 230 квадратни метри. Ќе има нова duty-free продавница, нови ескалатори за патници, како и нова опрема и технологија за побезбедно и поефикасно опслужување на патниците. Пасошката контрола ќе се прошири на 150 квадратни метри, канцелариите за оперативниот персонал во безбедносно – контролираната зона ќе бидат обновени на површина од 270 квадратни метри. Дополнително, паркингот пред терминалот ќе биде реорганизиран, со што протокот на патници ќе се зголеми и подобри. Сакам да потенцирам дека дека со реконструкцијата, капацитетот на терминалната зграда се зголемува за 30% до 40%, што ќе ни овозможи да опслужуваме повеќе авиони и повеќе патници во најинтензивните часовите кога аеродромот работи со максимален капацитет. Вториот сегмент се однесува на доградбата и надградбата на административната зграда, која од 290 квадратни метри ќе достигне 746 квадратни метри. Во административната зграда, покрај канцелариите на ТАВ Македонија и нов ресторан за вработените, ќе има и нови канцеларии за Граничната полиција и Царината како и нов паркинг за вработените покрај зградата“, изјави Неџат Курт, генералниот директор на ТАВ Македонија.

Како што нагласи тој, основната идеја со реконструкцијата и проширувањето на аеродромот во Охрид е дислокација на административните објекти од терминалната зграда во надградената административна зграда, со што ќе се овозможи поголем капацитет на терминалот за потребите на патничкиот сообраќај.

Во меѓувреме, стратегијата за планирање за имплементација на проектот ќе му овозможи на аеродромот да продолжи да работи без прекин за време на градежните активности.

  • „Овој проект, со кој охридскиот аеродром ќе добие сосема нов лик, ќе овозможи поудобно, поефикасно и попријатно искуство за патување за нашите патници и секако подобрено работно искуство за нашиот персонал и за персоналот на нашите засегнати страни – полицијата и царината. Токму затоа овие активности ги гледаме како инвестиција во подобро секојдневие за сите што се дел од аеродромската заедница“ додаде Неџат Курт, генералниот директор на ТАВ Македонија.

Со 4 нови линии што ќе започнат од охридскиот аеродромот со летниот распоред на летови (Милано, Виена, Вроцлав и Катовице), како и претходно започнатата нова линија до Братислава, ТАВ Македонија очекува овој двоцифрен раст на патничкиот сообраќај да продолжи.

Моментално, од Охрид, како една од најважните туристички дестинации во регионот, летаат 8 авиокомпании до 17 дестинации, меѓу кои 3 се чартер летови.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top