Бизнис

По цели 7 години „ЕСМ“ финансиски се стабилизира, прикажан позитивен резултат за првиот квартал

Остварените резултати претставуваат позитивен сигнал за имплементираните мерки за консолидација, реструктурирање, зголемување на домашното производство и оптимизација на процесите од сопствените производни капацитети. Исто така, согласно актуелните перформанси и адаптирање на динамичниот пазар на електрична енергија, целта е Друштвото да прерасне во регионален играч за купопродажба на електрична енергија.

Управниот одбор на АД ЕСМ го усвои Финансискиот извештај за првиот квартал (Q1) од 2026 година. Остварените резултати претставуваат позитивен сигнал за имплементираните мерки за консолидација, реструктурирање, зголемување на домашното производство и оптимизација на процесите од сопствените производни капацитети. Исто така, согласно актуелните перформанси и адаптирање на динамичниот пазар на електрична енергија, целта е Друштвото да прерасне во регионален играч за купопродажба на електрична енергија.

По последователните финансиски предизвици во изминатите две години (2024 и 2025 година), овој извештаен период означува целосен деловен пресврт, преку трансформација на загубите во позитивен финансиски резултат. Oптимизацијата на производните процеси овозможи производнатa цена во предметниот период да се намали на 73,1 евра за мегават-час (EUR/MWh). За споредба, во септември 2024 година, актуелното раководство на АД ЕСМ ја затекна компанијата со производна цена на ниво на АД ЕСМ од преку 113 евра за мегават-час. (EUR/MWh).

Компаративна финансиска анализа (Q1 2024 – Q1 2026)

АД ЕСМ за споменатиот период оствари вкупни приходи од 6,99 милијарди денари, вкупни расходи од 6,85 милијарди денари и добивка од 142 милиони денари. Ваквиот позитивен резултат е директна последица од масовните напори коишто беа преземени во изминатите месеци со кои успешно беа реализирани ремонтни активности на клучната инфраструктура во енергетските капацитети, директно насочена кон зајакнување на доверливоста на електроенергетскиот систем. Исто така, во текот на изминатите месеци, се преземени клучни чекори за зголемување на ефикасноста при работните процеси, при ископ на јаглен и при производство на електрична енергија, што резултираше со намалување на трошоците за ископ на примарното гориво и потрошувачката на мазут. Тоа директно влијаеше на намалување на целокупната производна цена на електричната енергија.

Во рамки на напорите за модернизирање на работењето на АД ЕСМ и постигнување на поагилно пазарно присуство во различните бизнис сегменти на енергетскиот сектор, АД ЕСМ во споредба со истиот период од минатата година, оствари значајно зголемени приходи од продажба на електрична енергија и нудење на системски услуги. Овие сегменти со зголемени приходи во комбинација со подобрување на ефикасноста и кратењето на непродуктивните трошоци придонесоа за АД ЕСМ да го заврши првиот квартал од 2026 година со добивка од 142 милиони денари.
За истиот период во 2025 година, вкупните приходи на АД ЕСМ беа 6,06 милијарди денари, вкупните расходи беа 8,84 милијарди денари и загубата беше -2,78 милијарди денари. Во 2024 година, за истиот период вкупните приходи беа 6,6 милијарди денари, вкупните расходи беа 8,99 милијарди денари и загубата беше -2,39 милијарди денари.

Одржлив развој и стратешки инвестициски циклус

АД ЕСМ ќе го искористи овој финансиски резултат за забрзување на транзицијата кон нови, обновливи извори на енергија, но и подготовка на проекти кои подразбираат замена на јагленот како примарно гориво. На последниот состанок на Комитетот за јавни инвестиции, покрај тековните шест капитални проекти, беа потврдени и одобрени нови седум инвестициски проекти. Овие, вкупно 13 проекти се наоѓаат во различна фаза на развој и имплементација и ќе овозможат долгорочна енергетска стабилност на државата со цел во иднина Македонија да прерасне во нето-извозник на електрична енергија. Квантумот на проекти не е конечен, затоа што во Секторот за развој и инвестиции дополнително се развиваат и нови проекти кои на среден и долг рок кои ќе обезбедат стабилно и доверливо производство на електрична енергија од домашни извори на енергија во сопственост на АД ЕСМ.

Кварталното намалување на производната цена на 73,1 EUR/MWh очекуваме да продолжи и во вториот квартал што ќе и овозможи на АД ЕСМ со помали финансиски импликации да ја продолжи својата улога на еден од најголемите амортизери на ценовните шокови за домаќинствата и малите бизниси. Впрочем, една од целите на актуелниот менаџерски тим на Компанијата, преку намалување на трошоците за производство – е да ја доближи цената на произведен мегават-час до продажната кон универзалниот снабдувач.

Драстичното намалување на фиксните и варијабилните трошоци во производството покажува дека Друштвото успешно ги структурирало своите трошоци на почетокот на годината. Секое следно намалување на трошоците и зголемување на производствениот обем во преостанатите три квартали, се очекува да генерира прогресивно повисока добивка.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top