Македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров во 85. минута постигна спектакуларен гол и ѝ донесе реми на Црвена ѕвезда во гостувањето кај белгискиот Гент (1:1) во четвртото коло од УЕФА Конференциската лига.
Гент поведе во 26. минута со голот на Тијаго Араухо. Црвено-белите доминираа особено во вториот дел, но долго не успеаја да го пробијат домашниот гол. Во самиот финиш Гаштаров направи силен соло-продор, ги помина тројца противници и со прецизен удар ја затресе мрежата за конечен резултат 1:1.
Со овој погодок, кој е и негов прв гол на меѓународна клупска сцена, Звезда освои вреден бод и стигна до пет бода по четири одиграни мечеви во групната фаза.
Гаштаров по мечот изјави дека екипата добро одиграла, особено во вториот дел, и дека доминирале, но не ги искористиле шансите. „Докажавме дека сме подобра екипа“, рече младиот македонски фудбалер.
🇲🇰 Македонска магија во Белгија! ✨
Гаштаров со фантастична интервенција ја спаси Црвена звезда од пораз, покажувајќи врвна класа и мајсторија во клучен момент!
#Macedonia #Македонија #Football https://t.co/ctrRMIEwkn— Petar Mladenov (@PetarMlade5t1) November 27, 2026