Бизнис

Почна расправата за ребалансот на буџетот – За што ќе се трошат најмногу пари?!

Со ребалансот, државната каса треба да достигне 6,91 милијарди евра, а капиталните инвестиции да се зголемат на 748 милиони евра. Предлогот веќе е пред собраниската Комисија за финансирање и буџет, каде се очекува десетдневна расправа пред гласањето на пленарна седница.

Повеќе пари за редовна исплата на плати, поголема поддршка за земјоделците, за социјална заштита и за општините, но и повеќе пари за инвестиции во инфраструктурата. Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска, го образложи ребалансот во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет. Во своето експозе, министерката за финансии Гордана Динитриоска Кочовска, вели дека овој ребаланс е резултат на потребата за усогласување на  буџетските проекции со новите економски услови, се со цел да се обезбедат дополнителни средства за  редовна  исплата на платите во секторите каде што е обезбеден раст.

  • „Во првата половина од годината капиталните расходи достигнаа 19,4 милијарди денари, што претствавува раст од 53, 5 отсто во однос на истиот период минатата година. Тоа значи дека државата инвестира повеќе во патишта, железници, комунална инфраструктура, училишта, градинки, здравствени установи, водоводи, канализации, енергетски проекти и локален развој“, вели Гордана Димитриеска Кочовска.

Владата предлага државната каса да стане потешка за 189 милиони евра и да достигне 6,91 милијарди евра. Капиталните инвестиции се зголемуваат од 650, на 748 милиони евра – главно за проекти во делот на патната и железничката инфраструктура.

Опозицијата критикува дека владиниот план е тешко остварлив. Со над 200 амандмани се бара корекции во ставките и пренамена на пари кои ќе се трошат за реални потреби на граѓаните и стопанството.

Владејачкото мнозинство очекува конструктивност. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, смета дека прекројувањето на државната каса ќе создаде основа за развој на економијата. По општата и амандманската расправа во матичната Комисија за финансирање и буџет, ребалансот ќе оди на пленарна седница на гласање. Комисиската расправа за предложениот ребаланс на буџетот предвидено е да трае десет работни денови.

Најнови вести од: Бизнис

Мал пазар, голема можност: Мукаетов на 25. Конференција на Македонската берза

Од развојот на „Алкалоид“ и улогата на пазарот на капитал до можностите што ги отвораат интернационализацијата, иновациите и новите технологии – ова беа дел од темите на специјалниот разговор со Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на 25. Конференција на Македонската берза.

(Фото): Силни пораки од конференцијата на Македонската берза

Во Македонија има капитал подготвен да влезе во хартии од вредност. Ако нема добри домашни инвестициски прилики – логично е тој капитал целосно да оди во странство, истакна главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, говорејќи на јубилејната 25. Годишна конференција што се одржува во Охрид.

To top