Бизнис

Позитивни прогнози за економијата в година – раст од 3,8% и пад на инфлацијата на 2,2%

Нови мерки кои имаат за цел да ја поттикнат економијата на земјата, фокусирајќи се на зголемување на инвестициите, создавање на нови работни места и зголемување на платите на вработените. Овие мерки, како што истакна министерот, претставуваат клучен дел од стратегијата на Владата за развој на националната економија и се очекува да обезбедат стабилен раст и нови можности за граѓаните.

Економски раст од 3,8% и стабилизирање на инфлацијата в година, односно пад на 2,2% очекуваат од Владата. Според министерот за економија, растот на платите и пензиите ќе продолжи и во 2026, а се очекува и раст на минималната плата. Министерот рече дека цените се стабилизираат, но не може да се влијае на одредени производи зашто доаѓаат од странство.

Паралелно, се подготвува Законот за финансиска поддршка на компаниите. Целта е поттикнување на економскиот раст и развој во државата.

Дурмиши нагласи дека главниот фокус на мерките ќе биде на стимулирање на странските и домашни инвестиции. Со оваа стратегија, Владата сака да привлече нови инвеститори и да ги охрабри веќе постојните компании да ги прошируваат своите капацитети, што ќе доведе до нови работни места. Министерот истакна дека земјата ќе продолжи со создавање на поволна бизнис клима преку намалување на административните пречки и обезбедување на финансиски стимули за инвеститорите.

  • „Новиот пакет на мерки е насочен кон стимулирање на инвестициите во клучни индустрии како што се информатичките технологии, производството и енергетиката. Паралелно со тоа, ќе се поттикнуваат и мали и средни претпријатија кои се основа на секоја економија“, изјави Дурмиши.

Откако Законот ќе стапи во сила, ќе се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување на парите за инвестициите кон деловните субјекти.

Од Економија рекоа и дека се очекува и нов состанот на ЕЕС кон крајот на месецов, што претставува сигнал за постепено заздравување и стабилизирање на економските текови.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top