Бизнис

Премиерот објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката

Во Владата беа потпишани договори, настан кој има значење и оди многу подалеку од формалниот чин на потпишување на договори. Всушност денес донесовме одлуки коишто ја обликува иднината на државата, ја зајакнуваат нејзината стабилност и ја дефинираат нашата визија за економски развој, безбедност и суверенитет.

Во Владата беа потпишани договори за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3, со што се најавуваат стратешки инвестиции во енергетскиот сектор во вкупна вредност од 97 милиони евра.

  • Во Владата беа потпишани договори, настан кој има значење и оди многу подалеку од формалниот чин на потпишување на договори. Всушност денес донесовме одлуки коишто ја обликува иднината на државата, ја зајакнуваат нејзината стабилност и ја дефинираат нашата визија за економски развој, безбедност и суверенитет, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Со потпишувањето на договорот за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализацијата на хидроелектраните – Фаза 3, испраќаме, како што посочи премеирот, јасна и недвосмислена порака: енергетиката е еден од клучните национални приоритети и инвестиција од највисок стратешки интерес.

  • Станува збор за инвестиција од вкупно 97 милиони евра, од овие, 50 милиони евра се од КфВ се за фотонапонска „Битола 3“, 10 за ревитализација на хидроелектрани, а 37 од ЕБОР се за ФЕ „Битола 3“. Со овие проекти, инвестициите во енергетскиот сектор се приближуваат до 100 милиони евра, вели Мицкоски.

Посочи дека во современиот свет, енергетиката е прашање од суштинско значење за националната безбедност, економската конкурентноста и социјалната стабилност.

  • Сигурниот, стабилен и сопствен енергетски систем е предуслов за отпорност на економски и геополитички предизвици, како и за долгорочен развој. Затоа, нашата определба е јасна: систематско, континуирано и одговорно инвестирање во енергетски капацитети, со цел да ја зајакнеме енергетската независност и да обезбедиме долгорочна сигурност за граѓаните и за стопанството, нагласи премиерот.

Според него, фотонапонската електрана „Битола 3“ е симбол на таа определба. Таа претставува чекор кон модерна, чиста и одржлива енергетика, која ја користи силата на природата во служба на јавниот интерес. – Со ваквите инвестиции ја намалуваме зависноста од увоз на електрична енергија, го стабилизираме енергетскиот биланс и создаваме предуслови за предвидливи и пониски трошоци на долг рок, додава тој.

Истовремено, како што посочува премиерот, преку ревитализацијата на хидроелектраните – Фаза 3, покажуваме дека знаеме да управуваме мудро и со постоечките ресурси.

  • Наместо да ги оставиме капацитетите да стареат, вложуваме во нивна модернизација, зголемена ефикасност и продолжен работен век. Ова е пристап кој носи најголем поврат за државата и за граѓаните. Овие инвестиции имаат и значаен економски ефект, преку отворање нови работни места, ангажман на домашната индустрија, развој на локалните заедници и зголемена конкурентност на националната економија. Стабилниот енергетски систем е основа за стабилна економија и подобар животен стандард за граѓаните, нагласи Мицкоски.

Владата, како што рече тој, изразува благодарност до Министерството за финансии, АД ЕСМ за нивната професионалност, експертиза и посветеност во спроведувањето на овие стратешки инвестиции.

  • Посебна благодарност како Влада упатуваме до нашите меѓународни партнери – КфВ Банка и Европската банка за обнова и развој, за поддршката и довербата во реформските политики и визијата која е препознаена и дека нашите политики се кредибилни, одржливи и насочени кон иднината. Ова партнерство е пример како државата и меѓународната заедница можат заедно да градат проекти од стратешко значење, истакна премиерот.

Според него, оваа цел на Владата не е краткорочен ефект, туку долгорочна трансформација.

  • Градиме енергетски систем кој ќе биде отпорен на кризи, флексибилен кон идните предизвици и усогласен со европските стандарди. Но, исто така систем кој ќе обезбеди енергетска сигурност денес, но и за генерациите кои доаѓаат. Затоа денес не зборуваме само за мегавати и инфраструктура. Денеска зборуваме за суверенитет, за одговорност и за визија. За држава која самоуверено ја гради својата иднина, истакна премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

To top