Бизнис

Проверете на регистарот на е-трговци од кого купувате пред да платите онлајн

Регистарот добива дополнително значење ако се земе предвид континуираниот раст на е-трговијата во Македонија. Според анализата на АЕТМ на најновите податоци од Народната банка, во 2025 година вкупната вредност на онлајн-трансакциите достигна 950 милиони евра, што претставува раст од 32 % во однос на претходната година. Од нив, 522 милиони евра се слеале кон македонските е-трговци, а бројот на активни места на продажба за е-трговија е зголемен за 84 во однос на 2024 година.

Асоцијацијата за е-трговија го објави најновото ажурирано издание на регистарот на е-трговци со цел да им помогне на граѓаните да проверат од кого купуваат пред да направат онлајн-плаќање. Според податоците на Народната банка, во 2025 година во земјата имало 1.829 места на продажба за е-трговија, од кои 1.396 биле активни, односно реализирале најмалку една трансакција во текот на годината согласно методологијата на НБРМ.

Регистарот на е-трговци е единствениот регистар што претставува сеопфатна база на сите онлајн-продавачи во земјата што нудат плаќање со картичка и се ажурира во соработка со петте банки што процесираат е-трансакции – Комерцијална банка, НЛБ банка, Стопанска банка, Халк банка и УНИ банка.

Со цел негово ажурирање, АЕТМ добива подароци од петте банки, врши проверка, идентификација, категоризација и ажурирање на е-продавниците, со што регистарот на е-трговци обезбедува единствен и структуриран увид во понудата на домашниот пазар на е-трговија. За активни е-продавници, во согласност со методогијата на АЕТМ, се подразбираат оние е-продавници што реализирале најмалку една онлајн-трансакција во текот на годината и имаат активна веб-страница за време на проверката.

Каква е домашната понуда во е-трговијата? Регистарот на е-трговци опфаќа 1.374 активни е-продавници распределени во 25 категории. Податоците покажуваат дека најголем дел од понудата во македонската е-трговија ја сочинуваат е-продавници за козметика, производи за убавина или нега (115), облека, обувки и модни додатоци (100), храна и пијалаци (87), бела техника и електроника (86), туризам (81), веб-услуги, стриминг или преземања (73), едукација (71), дом, мебел и градина (61) и многу други категории, што укажува на сè поголема разновидност на производи и услуги достапни преку домашните е-трговци.

Податоците од регистарот покажуваат дека домашната е-трговија повеќе не е ограничена само на традиционалните категории, како мода, козметика и електроника. Значајно присуство имаат и услугите, туризмот, образованието и дигиталните услуги, што укажува на постепено зреење на пазарот и проширување на навиките за онлајн-купување кај потрошувачите.

Регистарот добива дополнително значење ако се земе предвид континуираниот раст на е-трговијата во Македонија. Според анализата на АЕТМ на најновите податоци од Народната банка, во 2025 година вкупната вредност на онлајн-трансакциите достигна 950 милиони евра, што претставува раст од 32 % во однос на претходната година. Од нив, 522 милиони евра се слеале кон македонските е-трговци, а бројот на активни места на продажба за е-трговија е зголемен за 84 во однос на 2024 година.

Податоците покажуваат дека е-трговијата продолжува да се развива со солидно темпо како во однос на вредноста на трансакциите така и во однос на понудата. Регистарот на е-трговци ни овозможува не само да ги идентификуваме активните е-продавници туку и да добиеме појасна слика за тоа кој ја сочинува понудата на домашниот пазар. Анализата покажува дека покрај традиционално силните категории, како козметика, мода и електроника, сè поголема застапеност имаат услугите – едукацијата, туризмот и дигиталните производи, што е показател за зреење на дигиталната економија и проширување на навиките за онлајн-купување кај потрошувачите вели Нина Ангеловска-Станков, претседател на АЕТМ.

Регистарот на е-трговци претставува практична алатка за зголемување на довербата на граѓаните при онлајн-купување. Со оглед на тоа што значителен дел од онлајн-измамите се случуваат преку нерегистрирани продавачи, најчесто преку социјалните мрежи, регистарот им овозможува на граѓаните лесно да проверат дали еден продавач е регистриран правен субјект и дали користи интегрирано онлајн-плаќање преку банка.

Регистарот истовремено придонесува и кон намалување на сивата економија преку поголема транспарентност и видливост на активните е-трговци. За самите е-трговци, присуството во регистарот претставува дополнителен знак на кредибилитет и доверливост, како и можност за поголема видливост пред потенцијалните купувачи.

Во регистарот се вклучени е-трговци со регистриран правен субјект во Република Македонија и интегрирано онлајн-плаќање преку една од петте банки, а кои реализирале најмалку една онлајн-трансакција во текот на 2025 година. Регистарот е јавно достапен и може да се пребарува по URL-адреса, по правен субјект и по категорија на е-продавницата на: https://ecommerce.mk/registar. За потребите на ажурирањето АЕТСМ користеше и алатки базирани на вештачка интелигенција за автоматизирана проверка на активноста, достапноста и категоризацијата на е-продавниците.

Најнови вести од: Бизнис

Божиновска за грчки “Енерџи Гејм”: Македонија станува клучна гасна раскрсница на Балканот

Енергетски центар за снабдување на Југоисточна Европа е новата улога што министерката Сања Божиновска ја најавува за Македонија по приклучувањето кон Вертикалниот коридор. Договорот беше потпишан на 4 септември во Солун, но патот од политички меморандум до гасна раскрсница зависи од изградбата на две клучни врски со Грција и Србија.

ММФ отвора центар за техничка помош за земјите од Западен Балкан и Молдавија

Меѓународниот монетарен фонд ќе отвори нов центар за техничка помош во Рим, наменет за земјите од Западен Балкан и Молдавија, со цел да им помогне во спроведувањето на реформите и зајакнувањето на институционалните капацитети во процесот на пристапување кон Европската Унија. Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, оцени дека проширувањето на ЕУ повторно се наоѓа високо […]

(Фото): „Алказар Енерџи Партнерс“ обезбеди финансиско затворање за Ветерниот парк Штип, најголемиот проект за ветерна енергија во Македонија

На реализацијата на проектот за изградба на ветерниот парк на компанијата „Алказар“ во Штип, од Владата истакнаа дека инвестициите во обновливи извори на енергија, заедно со развојот на одржливиот транспорт, се меѓу клучните чекори кон модерна и енергетски стабилна Македонија.

To top