Бизнис

Ранливите категории граѓани од државата ќе добијат клима-уред или субвенции за струја

Во државната каса има 170 милиони денари, пари со кои ќе бидат субвенционирани семејствата од ранливите категории за набавка и поставување на клима-уред. Огласот е во тек.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, врз основа на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година објави јавни огласи за поддршка, за купен и вграден инвертер клима уред со моќност од 3,5 киловати и енергетска класа од најмалку А+, и за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица кои припаѓаат на категоријата ранливи потрошувачи. Рокот за аплицирање на огласот за доделување на инвертер клима уред е 60 дена од денот на објавување на јавниот оглас, односно до 5 октомври 2025 година, а за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија е 30 дена, односно до крајот на август 2025 година.

  • Огласот има за цел да обезбеди заштита на ранливите потрошувачи кои се наоѓаат во состојба на енергетска сиромаштија, преку унапредување на енергетската ефикасност и подобрување на квалитетот на живеење на домаќинствата кои исполнуваат утврдени критериуми за ниски приходи или се социјално ранливи, велат од Министерството.

Околу 170 милиони денари од државната каса пред стартот на оваа грејна сезона ќе се слеат на сметки на домаќинствата од ранливите категории кои бараат државна помош за набавката на инвертер клими.

Досега на јавниот оглас кој трае до петти октомври стигнале над 1.220 апликации за субвенции за 120 милиони денари имаат право да се пријават лица со ниски примања, но не и приматели на гарантирана минимална помош и социјални пензии. 50 милиони од вкупната сума е наменета за пензионери со минимален месечен приход.

Обрасците и изјавата се достапни на веб-страницата на Министерството, во делот Јавни огласи. Документацијата се доставува по пошта или лично на адреса: ул. „Македонија“ бр. 27 – 1000 Скопје. Контакт телефони: 071 319 074; 070 381 162; Е-пошта: ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk.

Инаку, загревањето на домот со парно или инвертер клими е најекономично но и најеколошко во зимскиот период на високи концентрации ЦО2.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top