Бизнис

Регулаторна одлучи: Дизелот поскапува, а бензинот поевтинува

Новите цени на горивата носат поевтин бензин, но значително поскап дизел. Одлуката на Регулаторната комисија предвидува намалување на цената на бензините за 1,50 денари за литар.

Дизелот поскапува за 5,5 денари, а бензините ќе поевтинат за 1,5 денари по литар. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на дизелот ќе изнесува 104,5 денари за литар. Додека 95 октанскиот бензин ќе се точи по 99 денари, а 98 октанскиот за 101 денари за литар. Одлуката доаѓа како одговор на поскапувањето на рафинираниот дизел на медитеранската берза за 7 % минатата недела како и зајакнувањето на доларот во однос на денарот за 1 %.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска  изјави дека состојбата со цените на горивата редовно се следи. Таа рече дека Владата засега не преговара со „ОКТА“ за нов попуст на горивата, но доколку продолжи растот на цените на нафтата и горивата, ќе бидат разгледани дополнителни мерки за заштита на стандардот на граѓаните.

  • Ако ескалира ситуацијата со цената на горивата, Владата ќе ги преземе сите мерки за да го ублажи ризикот кон граѓаните – рече Божиновска, одговарајќи на новинарски прашања.

Според министерката, растот на цените е последица на случувањата на светскиот пазар и воените конфликти, врз кои, како што посочи, земјата нема директно влијание. Божиновска потсети дека Владата веќе презела мерки за ублажување на ударот врз граѓаните, меѓу кои намалување на акцизата и намалување на данокот на додадена вредност за горивата од 18 на 10 проценти.

  • Дискутираме, гледаме и ќе се консултираме на ниво на Влада. Влада имаме во вторник, ќе видиме како понатаму. Ние секако сме за заштита на стандардот на граѓаните, меѓутоа ќе мора да разгледаме кои се и фискалните импликации врз буџетот – истакна министерката.

Во моментов, како што потврди Божиновска, активна мерка е намалувањето на ДДВ од 18 на 10 проценти. Таа додаде дека постои можност за воведување и други мерки, но нивното донесување зависи од фискалните можности и одлуката на Владата. Во однос на можноста за нов договор со „ОКТА“, министерката рече дека засега нема преговори за дополнителен попуст.

  • Не сме почнале, меѓутоа ако ситуацијата ескалира и понатаму, ќе ги преземеме сите мерки за да го ублажиме ризикот кон граѓаните – рече Божиновска.

Владата, според најавите, дополнително ќе ја разгледува состојбата со цените на горивата и можните фискални мерки.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top