Бизнис

Соседите профитираат иако рударството им стагнира – Бугарите задоволни од поскапениот бакар, нашиот во Иловица тоне

Рудникот за бакар во Иловица е предвидено да произведува до 16.000 тони годишно, но проектот е во застој. Со прогнозирано активно производство во период до 23 години, овој проект би можел значително да влијае на зголемувањето на македонскиот извоз и врз приходната страна на буџетот.

epa12330195 An employee examines samples in a pile of spodumene concentrate at the Companhia Brasileira de Litio (CBL) mining unit in the city of Aracuai, Minas Gerais, Brazil, 21 August 2025. Growing global demand for lithium, the main component of electric vehicle batteries, has turned the Jequitinhonha Valley, one of Brazil's poorest regions but home to the world's seventh-largest reserves of the mineral, into an 'El Dorado.' EPA/ANDRE COELHO

Бугарија минатата 2025 година произвела руда во вредност од 2,2 милијарди евра, додека Македонија продолжува да орбитира околу сумата од 250 милиони евра годишно. Според податоците на тамошната Комора, приходите растат иако производството стагнира. Финансиските резултати покажале раст од 8% во споредба со 2024 година, а производството пораснало за само 1%. Ваквите податоци се должат на високите цени на дел од металите на светските берзи, особено на бакарот.

Кај нас се активни само четири рудници за металични суровини, а единствен за бакар е рудникот „Бучим-Боров дол“, кој полека ги исцрпува капацитетите и произведува околу 8.000 тони годишно. Од друга страна, рудникот за бакар во Иловица е предвидено да произведува до 16.000 тони годишно, но проектот е во застој. Со прогнозирано активно производство во период до 23 години, овој проект би можел значително да влијае на зголемувањето на македонскиот извоз и врз приходната страна на буџетот. Засега нашата држава не профитира од ресурсите коишто ги поседува, иако бакарот изминатиов период урива ценовни рекорди и еден тон достигнува вредност од над 14.000 долари на Лондонската берза на метали.

Инаку, како што наведуваат од Бугарската рударска комора која на 18 август го чествуваше Денот на рударите, индустријата активно инвестира во дуалното образование, квалификација на персоналот и развој на сопствени специјалисти, а секторот продолжува да одржува висок интерес кај локалното население. Податоците покажале дека директно вработени во рударството се 17.500 луѓе, што е намалување од околу 5% на годишно ниво. Кај нас пак, вложувањето во кадар за рударството е се помало, а на насоката „металургија“ се запишуваат само до шест студенти годишно. Во Македонија, Денот на рударите – 28 август, ќе го одбележат скоро 8 проценти помалку рудари од лани, а вкупната бројка се движи околу 4.000 работници.

Драгомир Драганов, претседател на Бугарската рударска комора, во изјава за Блумберг ТВ, истакна дека се позитивни показателите и за првата половина од 2026 година.

  • Маржите на профит за металните руди остануваат стабилни на нивоата од втората половина од минатата година, благодарение на високите цени на глобално ниво за главните метали што се ископуваат во нашата земја – бакар, злато и сребро… Извозот на минерални суровини надминува 2,5 милијарди евра, додека физичкиот обем на извозот се намалува за 24%, што јасно ја потврдува зависноста на индустријата од меѓународните нивоа на цени. Сепак, очекувањата за целата 2026 година се за одржување на стабилно темпо, споредливо со она од минатата година, поддржано од стабилните цени на металите, индустриските минерали и градежните материјали – потенцира Драганов.

Во контекст на глобалната трка за критични и стратешки минерали помеѓу САД, Кина и водечките економии, Драганов вели дека Европската Унија презема мерки за скратување на административните рокови за концесии, забрзување на геолошките истражувања и стимулирање на стратешките проекти.

  • Бугарија има потенцијал да се трансформира од активен учесник, а не само од набљудувач. Нашата земја има поволни геолошки услови, традиции во рударството и претпријатија кои работат според најсовремените стандарди. Затоа треба да ги претвориме овие можности во вистинска конкурентност – додаде претседателот на Комората.

Според него, сега главниот фокус треба да биде ставен на скратување на административните рокови и оптимизирање на регулаторната рамка за издавање дозволи за истражување и истражување. Тој потсети дека инвестицискиот ризик во секторот е исклучително висок – последниот имплементиран проект за метални минерали во Бугарија траел 17 години од почетното истражување до почетокот на вистинското рударство.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top