Бизнис

Српската „Алта Банка“ доби одобрение за понуда за преземање на „Стопанска Банка„ Битола

„Понудата за преземање се однесува на 371.538 обични акции со право на глас издадени од “Стопанска банка” АД Битола

Комисијата за хартии од вредност на седница донесе Решение  со кое на “АЛТА БАНКА” АД Белград, Р. Србија и се издава дозвола за давање понуда за преземање на “Стопанска банка” АД Битола.

„Понудата за преземање се однесува на 371.538 обични акции со право на глас издадени од “Стопанска банка” АД Битола, кои заедно со 19.439 обични акции  со право на глас кои ги  поседуваат преземачот и лицата со кој тој дејствува заеднички претставуваат 100% од нејзината основна главнина. Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 3.777 денари по акција“, соопшти Комисијата за хартии од вредност.

Според преземачот, понудата ќе се смета за успешна доколку биде прифатена од акционери кои поседуваат најмалку 273.795 обични акции кои претставуваат 70,03% од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од ”Стопанска банка“ АД Битола.

„При тоа, преземачот и лицата кои дејствуваат заеднички со него би поседувале 75% плус една акција од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од “Стопанска банка” АД Битола“, соопшти КХВ.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top