Бизнис

Стојаноска: Предлог-буџетот за 2026 е инвестиција во иднината и поддршка за граѓаните

Стојаноска нагласи дека средствата за пензии се зголемуваат за 10,7%, односно за 10,3 милијарди денари

Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО–ДПМНЕ оцени дека предложениот Буџет за 2026 година претставува јасен чекор кон фискална консолидација, стабилност и економски раст, истовремено обезбедувајќи конкретни придобивки за граѓаните. Според неа, документот е балансирана комбинација на одговорна финансиска политика и насочени инвестиции во клучни сектори.

Стојаноска нагласи дека средствата за пензии се зголемуваат за 10,7%, односно за 10,3 милијарди денари, со што се обезбедува директна поддршка на пензионерите во услови на зголемени трошоци за живот. Паралелно, вкупниот буџет за социјална заштита е зголемен за 7,8% и опфаќа поддршка за невработени лица, деца и други ранливи категории.

Во делот на здравствената политика, буџетот предвидува раст од 1,5%, што значи дополнителни 884 милиони денари за унапредување на јавното здравство, медицинската опрема и услугите за пациентите. Предвидени се и 316 милиони денари за модернизација и реновирање на здравствената инфраструктура.

Образованието, како што истакна Стојаноска, добива 3,4% повеќе средства со фокус на средното и високото образование, подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард, како и изградба и реконструкција на училишта, спортски сали и студентски домови.

Буџетот ги засилува и мерките за економски развој и вработување, со зголемување од 2,5% на активните политики за вработување и поддршка за мали и средни претпријатија преку повеќе програми.

Една од најзначајните ставки е инфраструктурата, за што се предвидуваат 12,3 милијарди денари наменети за патишта, железница, јавен превоз и проекти поврзани со намалување на загадувањето, управување со отпад и заштита на водните ресурси.

Децентрализацијата, како важен сегмент, добива дополнителна тежина со зголемување од 6,1% на блок-дотациите за општините, што ќе им овозможи подобрување на локалните услуги и инфраструктурата.

Според Стојаноска, со намалувањето на буџетскиот дефицит за 5,1% и очекуваниот економски раст од 3,8% во 2026 година, државата прави значаен исчекор кон макроекономска стабилност и одржлив развој.

„Ова е финансиски документ кој верувам дека ќе добие широка поддршка во Собранието, бидејќи претставува вистинска инвестиција во иднината и е директно насочен кон секој граѓанин,“ истакна Стојаноска.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top