Бизнис

Стопанска комора со поддршка на кампањата „Македонско најдобро“

Стопанската комора на Македонија ќе ја поддржи секоја иницијатива која води кон повисок животен стандард, со обезбедени девизни резерви и изграден модел на економски раст, истакна претседателот Бранко Азески.

Стопанската комора на Македонија ќе се вклучи активно во поддршка на кампањата „Македонско најдобро“, која ја започна Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Одлуката за вклучување на најголемата бизнис асоцијација во земјата ќе биде донесена следната недела на седница на Управниот одбор на СКМ, со што ќе се даде и практичен придонес во поттикнувањето на домашното земјоделско производство. Досега во оваа кампања се вклучени 40 индивидуални земјоделски производители, а очекувањата на Министерството за земјоделство е во наредниот период да се зголеми бројот на субјектите, за што во тек и регистрацијата на заинтересираните земјоделци и компании од преработувачката и од кондиторската индустрија во Македонија. Ова беше речено на днешната средба работна средба на претставици од Стопанската комора и од МЗШВ, на која стана збор за оваа иницијатива, која има за зел да го промовира, поттикне и заштити богатството на домашното производство, да ги поддржи домашните производители, како и да ги потсети граѓаните на квалитетот и вредноста на домашните прехранбени производи.

Стопанската комора на Македонија ќе ја поддржи секоја иницијатива која води кон повисок животен стандард, со обезбедени девизни резерви и изграден модел на економски раст, истакна претседателот Бранко Азески. Прашан за коментар за изјавата на премиерот дека македонската економија бележи раст од 3,4 отсто и оти државата е лидер во регионот, нагласи дека секогаш треба да се движиме кон некаква цел, која е повисока од претходната.

  • Нас ни е потребна цел, таа цел ја гледам во раст на бруто домашниот производ затоа што нема други индикатори кои ќе прикажат дека има плаформа и има цел кон која се движиш. Јас верувам и сум верувал цел живот во три работи: да имаш јасна цел пред себе, луѓе што можат тоа да го остварат зад тебе и да имаш пари. Без тие работи неможе напред да се оди, рече Азески.

Тоа, според него, ја мобилизира целата економија да се движиме кон некаква цел која  е повисока од претходната, ќе значи одговорност за кажаното и кое ќе те стимулира да го правиш тоа, но ќе ги стимулира и сите странично да го прават и да ги доведе на една платформа на развој.

  • Една држава може да постои и опстои само ако обезбеди иднина за своите генерации, а таа иднина се обезбедува со повисок животен стандард, со обезбедени девизни резерви и со изграден модел на економски раст. Ние ќе поддржиме секаква иницијатива која води во тој правец. Знаеме што значи д анаправиш таков раст и дека е потребен деловен амбиент, услови во регионот каде нема да ѕвечка оружјето, туку ќе бидат поставени на ниво на конкурентска борба на стоки и услуги на меѓународниот пазар. И сакаме да го оставриме тоа на тој начин. Сите влади да делуваат во функција на остварување на предвидлив деловен амбиент и избегнување на секакви конфликти кои ја уништуваат економијата, додаде Азески.

Откупот на винското грозје ќе заврши во најдобар ред, имаме рекордно највисоки цени, а така ќе продолжиме и во наредниот период, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Заложба на Министертсво и Владата, според него е да се грижат за трудот на секој македонски земјоделец.

  • Тоа го покажуваат и бројките на Државниот завод за статистика, а во котекст на тоа за успешноста на менаџирање на целиот процес второто тромесечје во 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забалежано од 26,4%, а во делот на откупот и продажбата второто тромесечје 2025, во споредба со истиот период лани имаме зголемување 7,2%. Ова значи дека го враќаме квантитетот на македонското прозиводтво ја зголемуваме продажбата, односно го враќаме производството на пиедесталот, рече Трипуновски.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top