Бизнис

Цената на златото продолжува да паѓа

Цената на златото денеска забележа пад од повеќе од два проценти, под влијание на намалената ликвидност поради празниците на главните пазари, намалените геополитички тензии и зајакнатиот американски долар, кој го зголеми притисокот врз скапоцените метали.

Цената на златото денеска забележа пад од повеќе од два проценти, под влијание на намалената ликвидност поради празниците на главните пазари, намалените геополитички тензии и зајакнатиот американски долар, кој го зголеми притисокот врз скапоцените метали.

Според Ројтерс, спот цената на златото се намали за 1,9 отсто на 4.898,53 долари за унца, откако претходно достигна 4.862 долари за унца. Фјучерсите за злато во САД за испорака во април изгубија 2,6 отсто и се тргуваа на 4.917,70 долари за унца.

Кајл Рода, виш пазарен аналитичар во Capital.com, објасни дека падот се должи на ниската ликвидност во последните 24 часа.

„Помалата ликвидност поради празниците, особено во Кина и Азија, но очигледно и во Соединетите Американски Држави, значи дека едноставно немало доволно купувачи на пазарот“, рече тој.

Пазарите во континентална Кина, Хонг Конг, Сингапур, Тајван и Јужна Кореја се затворени поради празникот Лунарна Нова Година, додека американските пазари беа затворени во понеделник поради Денот на претседателот.

Инвеститорите утре ќе ги следат записниците од јануарскиот состанок на Федералните резерви, кои ќе бидат објавени во среда и би можеле да дадат дополнителни насоки за идната монетарна политика.

На геополитички план, американскиот претседател Доналд Трамп изјави во понеделник дека ќе биде „индиректно“ вклучен во нуклеарните разговори меѓу САД и Иран во Женева во вторник, додека украинските и руските претставници ќе се сретнат оваа недела во истиот град за мировни преговори со посредство на САД.

Среброто на спот падна за 2,8 отсто на 74,46 долари за унца, откако претходно изгуби повеќе од пет проценти.

Најнови вести од: Бизнис

Потребен е национален дата-центар, велат од Владата

Македонија мора да изгради национален дата-центар за да ја обезбеди стабилноста на дигиталните услуги и да го следи развојот на вештачката интелигенција, е заклучокот на панел-дискусијата „Дата-центрите, расчистување на мистеријата“.

(Видео): ДПИ открива скандал со брзите кредити, од Владата со реакција за големата сума пари

ДПИ за првпат спроведе сеопфатен и неселективен инспекциски надзор кај сите 27 финансиски друштва кои поседуваат лиценца за работа од Министерството за финансии, при што утврди сериозни прекршувања на правата на потрошувачите и донесе решенија со кои овие друштва се обврзуваат да им вратат на граѓаните незаконски наплатени средства во вкупен износ од над 140 милиони денари, соопшти директорот Влатко Стојкоски.

Синдикатите и ТИТАН Усје ја зајакнуваат соработката за дополнително унапредување на условите за работа

Во рамки на средбата беа презентирани политиките и мерките што ТИТАН Усје континуирано ги спроведува за унапредување на правата и економската сигурност на вработените, преку соодветни надоместоци и дополнителни придобивки

Две финансиски друштва цел месец дена не смеат да издаваат кредити, изречени и глоби

Министерството за финансии спроведе вонреден надзор над работењето на финансиските друштва и изрече привремена забрана за одобрување кредити во времетраење од 30 дена и глоба согласно законските прописи на две финансиски друштва.

Се проширува пристапот до парите на клиентите на „АЛТА банка“ – фирмите можат неограничено да ги користат

И физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во АЛТА банка АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги.

Вештачката интелигенција отвора можности за раст на продуктивноста во регионот, рече Вицегувернерката Митреска

Приоритет за регионот треба да биде поддршката за малите и средните претпријатија, развојот на дигиталните вештини и инвестициите во инфраструктурата, со цел придобивките од вештачката интелигенција да се преточат во повисока продуктивност и побрзо економско приближување кон ЕУ.

Фирмите можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки 

Доколку средствата се пренесени од платежни сметки на клиенти отворени кај други банки и даватели на платежни услуги фирмите ќе можат без ограничување на износот да ги користат дополнително примените средства врз оваа основа, соопшти Народната банка

To top