Бизнис

Крипто-пазарот во паника – Биткоинот падна под 86.000 долари

Иако минатата недела накратко се стабилизираше и се искачи над 90.000 долари, биткоинот повторно се најде под притисок, а аналитичарите предупредуваат на можни дополнителни падови. Шон Мекналти од FalconX вели дека оскудните приливи во биткоин ETF-фондовите и недостигот на купувачи го зголемуваат ризикот, и дека следната потенцијална поддршка се гледа околу 80.000 долари.

Крипто-пазарот повторно влезе во „црвена зона“ во понеделник, откако биткоинот и поголем дел од дигиталните токени нагло паднаа, отворајќи нов бран нестабилност. Биткоинот се лизна за околу 6% и се тргуваше под 86.000 долари на азиските пазари, етерот изгуби повеќе од 7% и падна на околу 2.800 долари, а Солана се намали за речиси 8%, пренесе порталот „Пари“. Пазарот останува на кревка основа по распродажбата што започна уште во октомври, кога беа избришани околу 19 милијарди долари во левериџ позиции, недолго по рекордниот скок на биткоинот до 126.251 долари.

Иако минатата недела накратко се стабилизираше и се искачи над 90.000 долари, биткоинот повторно се најде под притисок, а аналитичарите предупредуваат на можни дополнителни падови. Шон Мекналти од FalconX вели дека оскудните приливи во биткоин ETF-фондовите и недостигот на купувачи го зголемуваат ризикот, и дека следната потенцијална поддршка се гледа околу 80.000 долари.

Дополнителна нервоза донесоа и изјавите на Фонг Ле, извршниот директор на Strategy Inc., која поседува биткоин вреден околу 56 милијарди долари. Тој предупреди дека компанијата би можела да продаде дел од своите токени доколку mNAV – соодносот меѓу вредноста на претпријатието и поседуваниот биткоин – стане негативен, иако таквата продажба би била последна опција. Среде овие сигнали, пазарот го следи и намалувањето на рејтингот на USDT, најголемата стабилна монета, од страна на S&P Global Ratings, која предупреди дека падот на биткоинот може да го доведе во прашање обезбедувањето на токенот. Неизвесноста дополнително ја засили и Народната банка на Кина со ново предупредување за ризиците од виртуелните валути.

Инвеститорите паралелно ги следат и глобалните економски фактори. Оваа недела клучните американски податоци ќе бидат важни за проценката на идната траекторија на каматните стапки до 2026 година. Претседателот Доналд Трамп најави дека веќе го избрал својот кандидат за нов претседател на ФЕД, од кого очекува политика на натамошно намалување на каматите. На азиските пазари, акциите повторно се раздвижија по најдобриот неделен раст во два месеца, јапонскиот јен зајакна, а акциите во Токио паднаа по сигналите дека Банката на Јапонија би можела да ги зголеми каматните стапки овој месец.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): ТЕЦ „Неготино“ повторно ќе произведува струја, рече премиерот

Премиерот тврди дека струјата од ТЕЦ „Неготино“ би чинела од 170 до 175 евра за мегават-час. За три години е предвиден ископ и транспорт на три милиони тони јаглен од Косово, а ЕСМ подготвува набавка на 45.000 тони мазут.

Камата 4,6%, рок до 1 декември – Граѓаните можат да запишат обврзници од 10.000 денари

Четвртата емисија на Граѓански обврзници предвидува каматна стапка од 4,6 отсто и рок на достасување од две години. Запишувањето се врши во деловните банки, а аукцијата е закажана за 3 декември.

Просечна плата од 88.787 денари во ИТ секторот, во угостителството само 35.447 денари – на што се должи тоа?!

Растот на просечната нето-плата се должи на повисоките исплатени плати во секторот „снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“, каде што е забележан раст од 11,6%.

Басани од Светска банка: Народна банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски сектор

Басани нагласува дека осумдесетгодишнината на Народната банка е потсетник дека силните институции се градат со постојани вложувања, професионализам и континуитет низ генерациите.

To top