Бизнис

УЈП ги потсети оние кои работеле во странство да платат данок, станува збор за 10.000 луѓе

Сите даночни резиденти во својата држава треба да го пријават и оданочат целокупниот свој доход остварен во други земји, рече денеска директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова. Според неа, воопшто што не се работи за ретроактивно оданочување, ниту за покривање состојби како немање пари во буџетот, туку за обезбедување фер и правично оданочување.

Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, рече дека биле испратени 10.000 покани до граѓаните да го платата данокот на приход остварен во странство. Има и такви покани да се плати овој данок за приход остварен во 2020 година, з ашто денес ќе има и протест во Куманово, но директорката Петрова вели дека тоа не е ретроактивно работење.

  • Сакам да кажам дека воопшто не се работи на ретроактивно оданочување. Тоа не е законска одредба која сакаме да ја примениме ретроактивно. Се работи за законска одредба која постоела одсекогаш. Тоа е одкога е донесен Законот за личен доход, а било регулирано и претходно со Законот за персонален доход. И уште поважно, се работи за еден универзален принцип кој што се применува во секоја даночна јурисдикција. Треба да се пријави и оданочи светскиот доход од каде и да е, рече таа.

Додаде дека ако граѓаните веќе еднаш го платиле дсанокот во странство, треба да приложат докази за тоа во УЈП и заради тоа се повикани со персонализирани покани за да докажат

Досега 2.500 граѓани доброволно го платиле данокот и собрани се еден милион евра. Петрова додаде дека тоа е само една четвртина од планираната наплата и дека процесот уште трае, односно дека ќе има нови покани до граѓаните.

  • Не е поради тоа што нема пари во буџетот, туку се работи за обезбедување фер и правично оданочување со зафаќање една по една област каде што гледаме дека има ризици по даночна евазија и губење на приходи, изјави Петрова.

Процесот на оданочување е се уште во тек. За овие 2.500 лица пресметаниот данок изнесува скоро еден милион евра, но тие се една четвртина од тие што досега сме ги повикале да го пријават и оданочат својот доход ,потенцира Петрова.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top