Бизнис

УЈП испрати 862.896 даночни пријави до граѓаните

Управата за јавни приходи информира дека изготвила вкупно 862.896 даночни пријави на граѓаните за остварен доход во 2025 година и ги повикува да направат увид во нив до 31 мај. Сите граѓани ќе добијат и лична порака на својот профил на „МојДДВ” или на е-пошта регистрирана во УЈП, додаваат од УЈП.

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека во законскиот рок 30 април 2026 година, заврши со генерирање на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за остварен доход во 2025 година, пришто изгенерирани се вкупно 862.896 даночни пријави. Сите граѓани ќе добијат и лична порака на својот профил на „МојДДВ” или на е-пошта регистрирана во УЈП. Согласно законските одредби, секое физичко лице кое во текот на 2025 година остварило доход има обврска да ја провери и потврди годишната даночна пријава доколку податоците се точни и е опфатен целиот остварен доход за претходната година, да ја дополни со доходот кој не е опфатен или да ја коригира доколку утврди дека некој од износите не е точен.

  • „Во оваа насока, ги повикуваме сите граѓани, најдоцна до 31.05.2026 година, да направат увид во ДЛД-ГДП на нивните кориснички профили на системот „е-Даночни услуги“ https://e-ujp.ujp.gov.mk. Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои оствариле доход во земјава или странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид на доход и сè уште не се регистрирани на системот „е-Даночни услуги“, за да може да изврши увид во својата ДЛД-ГДП, во најкраток можен рок потребно е да се регистрираат на системот„е-Даночни услуги“. https://www.youtube.com/watch?v=z8hUybb_qXM По истекот на законскиот рок за потврдување на годишните даночни пријави, пријавите кои не се потврдени/коригирани ќе се сметаат за конечни“, велат од УЈП.

Годишните даночни пријави кои се коригирани од страна на физичките лица, треба да се одобрат од страна на службено лице од Управа за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава, Управата за јавни приходи ќе донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2025 година.

Обврзниците во чија ДЛД-ГДП се појавува повеќе платен данок, имаат можност во самата пријава да искажат барање за враќање на данокот и да ја внесат својата трансакциска сметка. Зошто е важно да ја проверите својата ДЛД-ГДП? •Според податоците од ДЛД-ГДП, Управата за јавни приходи издава уверение за остварен доход и дава податоци до други органи кои одлучуваат за права на граѓаните. Овие податоци може да бидат одлучувачки за остварување на Вашите права! •Дополнително, доколку во 2025 година сте оствариле доход повисок од 2.000.000 денари по основ на изнајмување деловен простор во земјата, давање менаџерски, правни, економски, инженерски, занаетчиски услуги, давање приватни часови на ученици и студенти, од продажба на земјоделски производи или друг доход кој произлегува од континуирано вршење оданочив промет (http://www.ujp.gov.mk/e/javnost/soopstenija/pogledni/1182), треба да се регистрирате за цели на ДДВ, или Управата за јавни приходи по службена должност може да Ве регистрира како ДДВ обврзник врз основа на податоците од ДЛД-ГДП.

Кај обврзниците во чија ДЛД-ГДП се појавува обврска за доплата на данок, по истекот на рокот за потврдување и коригирање, ќе се генерира налог за доплата со фолио број и истиот ќе биде содржан на третата страна во печатењето на даночна пријава (PDF документот). За дополнителни информации околу исполнувањето на обврските за пријавување на доход, плаќање и враќање на данок можете да се обратите на info@ujp.gov.mk, или на некој од контакт телефоните во Контакт центарот: 02 3253 200 или на 0800 33 000 (само од фиксни оператори).

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

To top