Бизнис

Успешно деветмесечје за НЛБ Банка Одржливо работење, раст на кредитите и депозитите и силен придонес во заедницата

НЛБ Банка препознатлива како доверлив партнер за клиентите

НЛБ Банка успешно ги заокружи деветте месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати за периодот од 01.01.2025 до 30.09.2025 година. Во споменатиот период, НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од 2.505.628 илјади МКД и забележа значителен раст на кредитното портфолио и раст на вкупните депозити. Овие позитивни финансиски индикатори се резултат назасилената деловна активност и позицијата на НЛБ Банка како доверлив партнер за клиентите.

Кредитите кај небанкарскиот сектор, на годишно ниво, пораснаа за 21,2%, пришто растот на кредитите пласирани кај нефинансиските друштва изнесува 32,2 %, додека растот на кредитите пласирани кај домаќинствата изнесува 14,5 %. На годишно ниво, вкупните депозити на Банката бележат зголемување за 15,8 %.

Позитивните деловни перформанси на НЛБ Банка се должат на континуираните продажни активности на кредитните продукти, зголемениот број на корисници на платните сервиси, како и на внимателнотоуправување со ризиците, оперативната ефикасност и континуираната посветеност кон унапредување на клиентското искуство.

Во текот на првите девет месеци од годината, потврдувајќи ја својата улога на одговорен корпоративен граѓанин, НЛБ Банка остана доследна на својата заложба за вложување во заедницата, инвестирајќи во бројни општествено одговорни проекти насочени кон спортот, културата и традицијата, образованието и помош за ранливитекатегории на граѓани.

НЛБ Банка продолжува и натаму да биде поддршка на населението и стопанството и севкупниот развој на економијата во земјата. Во фокусот на работењето на Банката остануваат дигитализацијатаи унапредувањето на дигиталните канали, подобрување на искуството на клиентите и проширување на портфолиото на банкарски и небанкарски продукти.

Истовремено, препознавајќи ги ризиците од климатските промени, НЛБ Банка ќе продолжи да ги развива „зелените кредити“ – кредитирање во области за производство на електрична енергија од обновливи извори, намалување на загадувањето и подобрување на животната средина, акцентирајќи ја важноста од одржливо финансирање, одржливо работење и взаемен придонес кон унапредување на квалитетот на животот во заедницата.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top