Бизнис

(Видео): Буџетот за в година е во одлична кондиција, фискалната консолидација и така ќе продолжи во 2026, вели премиеот

Министерката за финансии во своето експозе пред пратениците рече дека проекциите за 2026 година укажуваат на континуитет на економската стабилност и на раст заснован на одговорни фискални политики, инвестиции во инфраструктурата и во човечкиот капитал, како и поттикнување на продуктивноста и на конкурентноста на домашната економија.

Буџетот на државата е во одлична кондиција, растот на БДП е 3,8 % заедно со Кипар, а е зад порастот на БДП од 3,9 % што го има Данска. Инфлацијата е помала за 0,5 % споредено со минатата година и ова зборува дека има консолидација што очекувам да продолжи и во наредниот период, ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги наводите на опозицијата дека недостигаат милијарди денари во буџетот.

  • Додека тие зборуваат за милијарди што недостигаат, веќе во првите пет дена од декември влегоа 10 милијарди во буџетот. И сега не се веќе 300 милијарди, туку се 310 милијарди денари приходи. Но, никој од нив не ја коментира расходната страна, бидејќи и приходната и расходната страна на буџетот одат паралелно. За да ви недостигаат во буџетот и за да треба вие да го покриете тој буџетски дефицит, потребно е и расходите да бидат согласно со планирањето – рече Мицкоски.

Тој истакна дека државата нема да се задолжи за да го зголемиме долгот, кој смета дека до крајот на годинава ќе биде помал од претходно и најави дека следната година треба да се вратат повеќе од 2,2 милијарди евра.

Инаку, по два дена расправа, Собранието го донесе буџетот за 2026 година со поддршка од 71 пратеник. Буџетот за 2026 година тежи близу 6,7 милијарди евра и во него растот на БДП е проектиран на 3,8 %, а инфлацијата на 2,5 %. Вкупните приходи треба да изнесуваат 374,9 милијарди денари, расходите 414,2 милијарди денари, а буџетски дефицит 39,2 милијарди денари или 3,5 % од планираниот БДП.

Во расправата, за пратениците од власта овој буџет обезбедува поддршка за бизнисот, ги штити пензионерите со зголемување на пензиите и носи силен инфраструктурен бран со изградба на патишта, училишта, градинки и дека станува збор за реални проекти што ќе им донесат подобар живот на граѓаните.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top