Нема опасност од недостиг на гориво и струја во земјава, состојбата е стабилна, вели премиерот. Тој посочи дека државата располага со доволни количини на нафтени деривати и дека снабдувањето се одвива без проблеми, и покрај притисоците на глобалниот пазар. Премиерот најави, ако треба, се разгледува можноста за повлекување мазут од државните резерви, со цел да се одржи стабилноста на енергетскиот систем и да се спречи дополнителен ценовен притисок. Дополнително, попустот за дизел гориво се зголемува на 3 денари до 6-ти април.
- „Но, и покрај тоа, стабилното снабдување за граѓаните и стопанството останува наш приоритет и во овој момент тука немаме никакви негативни очекувања, туку напротив, останува стабилно, да обезбедиме доволни количини и за нашите граѓани, но истовремено, доколку граѓаните од соседните држави ценат дека тоа ќе придонесе за подобрување на нивниот животен стандард, ние како држава стоиме на располагање“, рече Мицкоски.

Опозијата бара да се прифатат нивните предлози, оти растот на цените на енергенсите и горивата директно довеле до поскапа храна. Промена на правилникот за утврдување на цените, како и воведување на пресметка на цените најмлку двапати неделно, побараа од ДУИ.
Од Владата рекоа дека странските државјани точат гориво кај нас бидејќи цените се и до половина евро поевтини отколку во нивните земји. Конзумацијата е зголемена за 10%. Премиерот рече дека продуктоводот до Грција е во целосна функција и снабдувањето не е загрозено. Владата мора будно да ја следи состојбата на Блискиот Исток, оти ценовните осцилации се непредвидливи.