Македонија

Бесплатни часови по фитнес и самоодбрана за мажи и жени

Општина Карпош

Од идната среда (1 април) во општина Карпош стартува реализацијата на проектот „Фитнес и самоодбрана за жени и мажи“. Овој проект е дел од програмските активности од областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите за 2026 година, а реализатор на активноста е полицискиот боречки клуб „Базбедност“ од Скопје.

Тренинзите ќе ги води искусен тим од стручни кадри, предводен од д-р Страшо Глигоров, доктор на науки од областа на кинезиологија и проф. д-р Јонче Ивановски, декан на Факултетот за безбедност – Скопје. Програмата е осмислена на начин да им овозможи на учесниците не само физичка кондиција, туку и практични знаења за лична безбедност и самоконтрола.

Во рамки на овој проект, покрај трензините во спортската сала, предвидени се и активности на отворено: четири тренинзи на Кејот на реката Вардар и во Градскиот парк, како и четири спортско-рекреативни искачувања на планината Водно.

Тренинзите ќе се одржуваат во спортската сала на ООУ „Петар Поп Арсов“ двапати неделно – секој понеделник и среда од 21 до 22 часот. Пријавувањето започнува од денеска (24 март) на следниов телефонски број 070/358-398.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top