Бизнис

(Видео): Снабдувањето со нафта во Македонија е стабилно, немаме негативни очекувања, вели премиерот

Снабдувањето со нафта и нафтени деривати во Македонија е стабилно и нема да има ограничување на точење, како што најавија некои од земјите во регионот. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека потрошувачката на нафтени деривати е зголемена за повеќе од 10 проценти, со оглед на тоа што и граѓани на соседните држави полнат гориво на бензинските во пограничните места во Македонија, затоа што тука е поевтино, во некои случаи и за половина евро по литар.

Нема опасност од недостиг на гориво и струја во земјава, состојбата е стабилна, вели премиерот. Тој посочи дека државата располага со доволни количини на нафтени деривати и дека снабдувањето се одвива без проблеми, и покрај притисоците на глобалниот пазар. Премиерот најави, ако треба, се разгледува можноста за повлекување мазут од државните резерви, со цел да се одржи стабилноста на енергетскиот систем и да се спречи дополнителен ценовен притисок. Дополнително, попустот за дизел гориво се зголемува на 3 денари до 6-ти април.

  • „Но, и покрај тоа, стабилното снабдување за граѓаните и стопанството останува наш приоритет и во овој момент тука немаме никакви негативни очекувања, туку напротив, останува стабилно, да обезбедиме доволни количини и за нашите граѓани, но истовремено, доколку граѓаните од соседните држави ценат дека тоа ќе придонесе за подобрување на нивниот животен стандард, ние како држава стоиме на располагање“, рече Мицкоски.

Опозијата бара да се прифатат нивните предлози, оти растот на цените на енергенсите и горивата директно довеле до поскапа храна. Промена на правилникот за утврдување на цените, како и воведување на пресметка на цените најмлку двапати неделно, побараа од ДУИ.

Од Владата рекоа дека странските државјани точат гориво кај нас бидејќи цените се и до половина евро поевтини отколку во нивните земји. Конзумацијата е зголемена за 10%. Премиерот рече дека продуктоводот до Грција е во целосна функција и снабдувањето не е загрозено. Владата мора будно да ја следи состојбата на Блискиот Исток, оти ценовните осцилации се непредвидливи.

 

Најнови вести од: Бизнис

Народната банка ги одбележува Светскиот ден на штедењето и Деновите на финансиската писменост

Народната банка веќе четиринаесетта година го одбележува Светскиот ден на штедењето. Деновите на финансиската писменост се одржуваат по десетти пат и се во организација на финансиските регулаторни институции  ̶  Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за надзор на пазарот на капитал, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со приватниот финансиски сектор и граѓанските здруженија.

Можно ли е во Македонија да се работи четири дена во неделата?!

Просечната потрошувачка кошница во септември изнесувала 58.117 денари, што е за 358 денари или 0,6 проценти помалку во однос на август, но за 1.736 денари, односно 3,1 процент повеќе во споредба со јануари годинава. Ова беше истакнато на седницата на Економско-социјалниот совет, на која социјалните партнери дискутираа и за неработните денови, работата во недела, можноста за воведување четиридневна работна недела и регулирањето на пензискиот стаж.

Алармантна е состојбата со безбедносниот систем во ПИОМ – Андоновски рече дека експерти работат на негова заштита

Државниот завод за ревизија веќе има дадено конкретни препораки до Фондот за пензиското и инвалидското осигурување за тоа како да ги надмине утврдените недостатоци.

To top