Бизнис

Владата потпиша меморандум со Дојче Телеком

Мицкоски: Ова е чекор напред во визијата за Македонија како дигитална земја

Премиерот на Владата Христијан Мицккоски,денеска заедно со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, член на Управниот одбор на Дојче Телеком, ГИД за Европа, и Горан Марковиќ, главниот извршен директор на Македонски Телеком, потпишаа Меморандум за разбирање на Владата со Македонски Телеком, со што се потврдува заедничката цел на двата најголеми акционери во компанијата за дигитална трансформација и просперитет на земјата.

Денешниот Меморандум за разбирање е потврда на нашата определба за дигитална иднина, за општество во кое технологијата служи на граѓаните, институциите и бизнисот. Со оваа соработка со телекомуникациските оператори, поставуваме силна основа за унапредување на дигиталната инфраструктура, поголема поврзаност и поприсутни, поквалитетни услуги за сите, истакна Мицкоски.

Владата останува посветена на целосна дигитализација на јавните услуги, воведување на паметни системи и градење на современа, ефикасна и транспарентна држава. Ова е чекор напред во визијата за Македонија како дигитална земја – со силна економија, модерна администрација и граѓани кои лесно, брзо и без бариери доаѓаат до услугите што им припаѓаат, додадва во објава премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Рекордна реализација на капиталните инвестиции до сега

Паралелно се работи на сите автопатски делници низ државата, со посебен фокус на проектите што ги реализира конзорциумот „Бехтел и Енка“, дека интензивно напредуваат и железничките проекти со сериозни подготовки за изградба на брзата пруга, додека автопатот Охрид–Кичево конечно се очекува да ја добие својата завршница до крајот на годината.

(Фото): Со изградбата на далноводот Битола-Елбасан се поврзуваме со соседните електроенергетски системи

Електроенергетското поврзување меѓу Македонија и Албанија добива втора шанса. Поставен е камен темелникот на 400 киловолтниот далекувод Битола–Елбасан. Токму со овој проект започнат од 2014 година започна и емисијата Бизнис 21- Истражувањето каде завршија 50 милиони евра за нашето енергетско поврзување со Албанија.

Ќе се јаде скапо јагнешко месо – сточарите го даваат евтино, трговците го продаваат прескапо

Велигденската трпеза и годинава ќе биде сè поскапа. Ниската откупна цена на јагнето нема да ја намали цената на јагнешкото во пресрет на празниците. Одгледувачите на јагниња велат ако не се државните субвенции ќе бидат во загуба.

Кризата ќе ги помати очекувањара за растот на македонската економија?! Што прогнозира ММФ?!

ММФ препорачува да се подобрат перформансите на државните претпријатија што е од суштинско значење за да се обезбеди ефикасност на распределбата на јавните ресурси и да се ограничат фискалните ризици.

ММФ за Народна банка: Стратегиска модернизација на монетарната политика и одржување на стабилноста на финансискиот систем

ММФ искажува задоволство и од посветеноста на усогласувањето на домашната регулатива со европските стандарди, што ќе придонесе за натамошно јакнење на супервизијата, решавањето банки и на целокупната финансиска стабилност.

Народна банка внимателно ги следи светските ризици и е подготвена за соодветно реагирање

Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка, како носител на монетарната политика, постојано ги оценува големината, природата и влијанието на шоковите на домашната економија. Според него, за да се изгради отпорност, потребни се кредибилна монетарна политика и ефикасни макропрудентни мерки со цел да се задржи макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем.

„Алказар Енерџи“ отвора јавна консултација за значајниот проект за ветерниот парк во Штип

Со планиран инсталиран капацитет до 396 MW, ветерниот парк Штип претставува трансформативен чекор кон зајакнување на енергетската независност на земјата, намалување на зависноста од фосилни горива и забрзување на напредокот кон националните климатски цели. Проектот е и значаен придонес кон Платформата за праведна енергетска транзиција на Македонија, лансирана на COP28.

To top