Бизнис

Во училиште треба да има посебен предмет за финансиска едукација – ризиците се големи, вели главната економистка во НБРМ

Народната банка презема активности за подобрување на финансиската писменост на населението од сите возрасни групи, со посебен акцент на младите кои се во фаза на образование.

„При мерење на финансиската писменост се оценува способноста за ефикасно управување со личните финансии, коешто, меѓу другото, подразбира знаење и способност за планирање на буџетот, рационално трошење, како и разбирање на основните финансиски концепти за штедење и инвестирање средства“. Ова го истакна главната економистка на Народната банка Анета Крстевска во интервју за „Слободен печат“, при што нагласи дека финансиската писменост во земјава постепено се подобрува, но поради брзиот развој на дигиталните финансиски услуги, потребно е постојано надградување на знаењата.

Крстевска посочи дека Народната банка презема активности за подобрување на финансиската писменост на населението од сите возрасни групи, со посебен акцент на младите кои се во фаза на образование. Општо земено, младите покажуваат поголем интерес за дигиталните финансиски услуги и се посклони кон вклучување во современите дигитални текови. „Следствено, во современи услови, кога има широк пристап до информации преку интернет, треба да се посвети должно внимание на соодветното едуцирање на младите и на нивното правилно насочување во доменот на користењето на финансиските услуги“, истакна главната економистка.

Осврнувајќи се на заштитата на потрошувачите, таа нагласи дека Народната банка, покрај регулаторните активности, обезбедува и практични алатки за споредба на кредитите, депозитите, како и на надоместоците за платежни услуги, а со новата регулатива дополнително се зајакнува транспарентноста на банките.

Во интервјуто беше нагласено дека финансиската едукација треба да добие соодветно место во формалниот образовен систем, со задолжителен системски опфат на младите. „Со ваквиот чекор ќе се оформат идни генерации кои ќе знаат да управуваат со своите финансии, да избегнуваат прекумерно задолжување, да се заштитат од финансиските ризици и да носат одржливи финансиски одлуки. За ова е потребен заеднички напор и на финансиските регулатори, и на образовните институции“, истакна главната економистка Крстевска.

Целото интервју е достапно на следниов линк: https://www.slobodenpecat.mk/intervju-vo-uchilishte-treba-da-ima-poseben-predmet-za-finansiska-edukacija-rizicite-se-golemi-veli-aneta-krstevska-glavna-ekonomistka-vo-narodnata-banka/  

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

To top