Бизнис

Volkswagen пред прекин на производството

Германскиот автомобилски гигант Volkswagen ги предупреди своите вработени за можен привремен прекин на производството поради недостиг на полупроводници (чипови)

Германскиот автомобилски гигант Volkswagen ги предупреди своите вработени за можен привремен прекин на производството поради недостиг на полупроводници (чипови). Како што е наведено во интерното соопштение од седиштето во Волфсбург, компанијата е подготвена брзо да реагира доколку ситуацијата дополнително се влоши. Според германскиот весник Bild, Volkswagen веќе стапил во контакт со германската агенција за труд за потенцијално воведување скратено работно време, што би можело да засегне десетици илјади вработени во различни фабрики на концернот.

Главната причина за проблемот лежи во нарушувањата кај холандската компанија Nexperia, во сопственост на кинески концерн, која е вовлечена во трговскиот спор меѓу Кина и Соединетите Американски Држави, според Wirtschaftswoche. Овие тензии може сериозно да ги загрозат испораките на електронски контролни единици неопходни за автомобилите на Volkswagen. Здружението на европски производители на автомобили (ACEA) и германското здружение на автомобилската индустрија (VDA) издадоа предупредувања за можни прекини во производството и ги повикаа властите да преземат мерки за обезбедување стабилни испораки.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Најнови вести

To top