Бизнис

Второ место за Реплек на HR Days во Ровињ: „РЕсет“ меѓу водечките регионални HR практики

„Реплек“ уште еднаш потврдува дека стратешкиот и современ пристап во менаџирањето со вработените е еден од клучните предуслови за деловен успех

„Реплек“ уште еднаш потврдува дека стратешкиот и современ пристап во менаџирањето со вработените е еден од клучните предуслови за деловен успех. Оваа фармацевтска компанија освои второ место за најдобра регионална HR практика во категоријата компании до 1.000 вработени, на 14-тото издание на конференцијата HR Days, која се одржува од 21 до 23 април во Ровињ, Хрватска.

Платформата „РЕсет – РЕцепт за добросостојба“ на „Реплек“ беше препознаена по својот пристап кон добросостојбата на вработените, преку која успешно се интегрираат грижата за физичкото и менталното здравје, како и создавањето здрави навики, не само во рамки на компанијата, туку и пошироко во заедницата.

„За нас, во фокусот се луѓето, чија добросостојба, мотивација и чувство на припадност се двигател на одржливиот развој. Од една оригинална интерна иницијатива, ‚Ресет’ прерасна во платформа која создава вредност и за заедницата, поттикнувајќи здрави навики, позитивни промени и носејќи значајни резултати,“ истакна Тања Иванова Ѓорѓиевска, директор на секторот за луѓе во „Реплек“, која ја презентираше практиката на настанот.

Конференцијата, во организација на Alma Career Croatia, обедини повеќе од 500 HR лидери, менаџери и експерти од регионот, кои дискутираа за најактуелните предизвици на пазарот на труд, како што се забрзаното влијание на вештачката интелигенција, недостигот на работна сила, одливот на млад кадар и новите регулаторни рамки.

Настанот го одбележаа и инспиративни предавања од докажани експерти од странство, презентирајќи нови знаења и перспективи од оваа област.

Во една таква динамична средина, HR Days повторно ја афирмираше својата улога како платформа каде се среќаваат идеи, искуства и конкретни решенија.

Ова регионално признание претставува јасен показател дека практиките кои се развиваат во „Реплек“ не само што носат вредност за вработените, туку се и препознаени како пример за современо и одговорно управување со луѓето во пошироки рамки.

Платформата РЕсет минатата година беше прогласена за најдобра HR практика во Македонија од Македонската асоцијација за човечки ресурси.

Со повеќе од 80 години традиција и јасна ориентација кон иднината, „Реплек“ продолжува да инвестира во луѓето како свој највреден капитал, градејќи култура која создава долгорочна вредност за компанијата, за вработените и за заедницата.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top