Бизнис

Заклучно со 30 ноември во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра

До крајот на првиот квартал ќе биде објавена клиентската апликација – бесплатни решенија за помалите компании, до крајот на вториот квартал ќе биде поставена продукциската околина, а до крајот третиот квартал од 2026 година се планира да заврши тестирањето.

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет по основ на даноци и придонеси се собрани 3,97 милијарди евра што е повеќе за 268 милиони евра во однос на истиот период лани, рече денеска директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова. Како што информира Петрова, има пораст на приходите од даноци за 6,5 отсто и пораст кај придонесите за 8,7 проценти во однос на истиот период минатата година.

  • Трендови на пораст во однос на лани има и во декември, но уште течат приливите и исплатите од уплатните сметки за даноци. Денеска ги сумираме податоците од вчерашниот ден, даночниот ден за ДДВ и по истекот на месецот ќе ги имаме конечните податоци за цела година, истакна директорката на УЈП.

Во врска со проектот е-фактурирање, напомена дека од 1 јануари ќе почне пилот-имплементацијата.

  • Се наоѓаме пред клучен исчекор. Во првата фаза ќе го објавиме комуникацискиот механизам преку кој ќе се врши автоматската размена на податоци меѓу компаниите, меѓу нивните софтверски системи за фактурирање и меѓу државната централизирана платформа за е-фактурирање. По новогодишните празници ќе биде објавена техничката документација врз основа на што фирмите ќе можат да почнат со прилагодување на своите софтверски решенија и техничката интеграција, како и со тестирање на изготвување е-фактура во контролирана тест околина, објасни Петрова.

До крајот на првиот квартал ќе биде објавена клиентската апликација – бесплатни решенија за помалите компании, до крајот на вториот квартал ќе биде поставена продукциската околина, а до крајот третиот квартал од 2026 година се планира да заврши тестирањето.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top