Хроника

26-годишна Скопјанка нападната од доставувач

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителот.

Во Скопје, жена пријавила агресивно однесување од доставувач на мотоцикл, кој се обидел да ја отвори нејзината возачка врата и потоа ѝ го оштетил возилото. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје, 26-годишната Д.З. од Скопје пријавила дека околу 14:30 часот во Центар, додека се движела со своето возило, едно лице кое управувало мотоцикл за достава ѝ се приближило и агресивно се однесувало кон неа.

Потоа лицето почнало да ја следи. Кога застанала на семафор, доставувачот се обидел да ја отвори возачката врата, а откако не успеал, ѝ го оштетил возилото.

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителот.

Најнови вести од: Хроника

Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“! – А што бидна со речиси 10 милиони евра?!

Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека не се чувствува виновен за делото што му се става на товар во случајот за злоупотреби во АД „Државна лотарија“.

To top