Хроника

Албанец од Македонија казнет во Бугарија со осум години затвор и 25.000 евра за шверц на марихуана

Осудениот е приведен на ГП „Ѓуешево“ во камион во кој биле скриени 320 пакети со канабис вреден 1 милион евра

Окружниот суд во Ќустендил осуди на осум години затвор и на глоба од 50.000 лева (околу 25.000 евра) македонски државјанин од албанска националност што призна вина за шверц на 320 пакети со марихуана со вкупна вредност од два милиона лева (1 милион евра).

Судот ја одобри спогодбата меѓу Обвинителството, одбраната и осудениот.

Обвинетиот Г.Н. на возраст од 34 години призна дека 18 декември 2024 година околу 22:30 часот на граничниот премин „Ѓуешево“ на бугарско-македонската граница, патувајќи со камион и на него прикачена полуприколка, сопственост на фирма од Скопје и управуван од И.М., пренел од Македонија во Бугарија марихуана спакувана во 320 пакети.

Пакетите биле скриени во специјално направени шуплини во хоризонталните странични штици на полуприколката 128 килограми и 580 грама, прецизираат од Судот.

Според документите, камионот со полуприколката превезувал руда за Турција, соопштија тогаш од Агенцијата „Царини“.

Во затворската казна на осуденикот му е пресметано времето поминато во притвор од 19 декември наваму, а треба да ги плати и судските трошоци во износ од 6.121 лева (околу 3.060 евра).

 

Најнови вести од: Хроника

Фудбалер од македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден убиен во пукањето во Сиднеј

Елкајам бил популарен и талентиран фудбалер, дел од тимот што настапува во највисоката локална конкуренција, а во клубот играл околу една година. Клубот соопшти дека е „во шок и тага“ поради загубата.

Најнови вести

To top