Хроника

Албански државјанин спречен да прошверцува 500.000 евра

 Во возило на Граничниот премин Табановце пронајдени се и одземени половина милион евра

Директорот на Управата, Бобан Николовски рече дека парите се пронајдени во специјално монтиран бункер во минибус.

„Девизите и возилото се трајно одземени, а сторителот е државјанин на Албанија  и веќе има изречено судска пресуда во судот во Куманово. Минибусот е сопственост на туристичка агенција од Албанија, а биле превезувани седум патници“,  вели Николовски.

Парите се откриени со скенер, кој утврдил преправка на возилото.

Според директорот, чии се еврата ќе треба да утврдат другите надлежни институции, но извесно е дека ќе се влеат во државниот буџет и ќе се искористат за нови патишта, болници училишта,…

Цариниците кои ги запленија еврата, ќе бидат наградени со по 10.000 денари.

„Ова е најголема заплена досега во историјата на Царинската управа на Република Македонија. Девизите и возилото се трајно одземени, а сторителот, државјанин на Албанија, со иницијали Џ. Г., кој управувал со минибусот, е соодветно гонет, за што веќе е изречена судска пресуда од Основниот суд во Куманово.
Обидот е откриен во акција на Одделението за оперативни работи на влез на државниот граничен премин Табановце, во која е извршена детална контрола на минибусот, сопственост на туристичка агенција од Албанија со која биле превезувани седум патници“, рече Николовски.

Согласно закон, запленетите девизи уште веднаш се предадени во Агенцијата за привремено одземен имот, а потоа се депонирани во Народната банка.

„Сакам јавно да се заблагодарам на тимовите од Одделението за оперативни работи за брзата реакција и школски одработената професионална контрола. Апелирам до сите, дека секој обид за нелегален прекуграничен пренос на готовина и обид за криумчарење ќе биде најстрого санкциониран од страна на царинските службеници при Царинската управа“,потенцира директорот на Царината, Николовски.

Најнови вести од: Хроника

Ја тепал сопругата дома, па ја однел во шума и продолжил да ја малтретира!

Скопјанец на возраст од 27 години е лишен од слобода под сомнение дека физички ја нападнал својата 21-годишна сопруга, а потоа ја однел во шумски предел во Скопје, каде што ја врзал за дрво и продолжил да ја напаѓа.

Инцидент во Клиничката болница во Тетово: Барале да плати за медицинска услуга, но искршил шалтер и нападнал полицаец!

Во Клиничката болница во Тетово 24-годишен жител на тетовското село Палатица агресивно се однесувал откако му било побарано да изврши уплата за медицинска услуга.

„Курир“: Скандалот се продлабочува! Сопругата правобранителка му ги договарала на судијата „ѕидар“ средбите за рушвет од обвинети!

Разговори снимени со посебни истражни мерки беа изнесени вчера на судењето против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, во чија семејна куќа беа најдени 350.000 евра соѕидани во ѕид. Обвинителството објасни дека снимките покажуваат како била договарана средба меѓу судијата Ристов и лица поврзани со двајца обвинети за тешки кривични дела.

С.С.(43) од Гошинце, Липковско, зел испратници на име на ликвидирана фирма, па „легално продавал“ дрва

Поранешен сопственик на фирма од Гошинце успеал да земе испратници за продажба на дрва преку фирмата, иако таа била ликвидирана. Потоа ги пополнувал испратниците, односно ги фалсификувал, и така продавал дрва „легално“.

To top