Хроника

Ангелов: Пожарот на Китка бил намерно подметнат

Огнот на планината вчера повторно се активирал активен откако претходно бил изгаснат, утрово гаснењето ќе продолжи гаснењето од воздух

„За жал, некои злобници од користољубие или осветнички мотиви упорно го палат пожарот. Со ваквото поведение тие директно го ризикуваат животот на жителите од околните села под Китка“, изјави вчера директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,  Стојанче Ангелов.

Потпалувачите – вели Ангелов – запалиле долга линија, по што пожарот брзо се проширил. Тој апелираше на поголема будност од жителите и рече дека службите работат на откривање на сторителите.

Борбата со пожарот траеше и во текот на ноќта. Екипите го бранеа селото Палиград, кое беше загрозено од огнот. Гасењето продолжува наутро со „Ер тракторите“.

 

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top