Хроника

Четворица крадци одзеле пари, злато и сеф од 400 килограми, штетата е 250.000 евра

Фото: Филмски грабежи во Боговиње

Полицијата расчисти повеќе случаи на кражби и тешки кражби во тетовскиот регион, при што се лишени од слобода четири лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 19.09.2026 во 16:55 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал, ги лишиле од слобода С.У.(26) од с.Долно Палчиште и А.Е.(34) од с.Липково, општина Липково, поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ по член 235 и член 236 од Кривичниот законик. Од лицето А.Е. е одземено патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, а на неколку локации на подрачјето на с.Камењане и с.Палчиште пронајдени се и одземени ловечка пушка и ловечки карабин, како и поголема количина на муниција и патрони од различен калибар и повеќе предмети кои потекнуваат од кривичните дела.

Истиот ден, во 18:50 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во дом и помошни простории кај Б.У. (26) во с.Долно Палчиште, по што и тој бил лишен од слобода.

Во продолжение на активностите, на 20.09.2026 во 02:20 часот во Полициска станица Тетово е задржан и А.А.(34) од с.Отља, липковско, претходно лишен од полициски службеници од СВР Куманово, при што од него било одземено патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки.

Сите лица се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Најнови вести од: Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски, поради четири убиства и два обида за убиство на жени

Основниот суд во Куманово денеска ја изрече пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Судот го осуди Бојковски на казна доживотен затвор, со што заврши првостепената судска постапка која предизвика голем интерес во јавноста.

Од 12 октомври 2026 започнува „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надѕор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно и во Струга, Кичево и во Дебар.

To top